Градот Скопје, Управата за заштита на културно наследство и Одделот за просторно планирање и Меѓународниот центар за конзервација при Католички универзитет „Лувен“ од Белгија во наредниот период ќе го ревитализираат скопскиот Аквадукт. Вчера беа објавени проект-планот и идните активности, визиите и идејните решенија за ревитализацијата на културниот споменик.
Презентирајќи ја публикацијата „Стратегиски план за заштита и рехабилитација на Аквадуктот во Скопје и неговата околина“, Белгијката Тереза Стенберген, менаџерка на проектот, рече дека две години се работело на планот за споменикот и се барало начин за изградба на шеталишта, хотели, локали за забава и релаксација во околината, но и можност за организирање културни и уметнички манифестации за посетителите. „Не е доволно само да се реставрира еден историско-културен споменик. Потребно е да се придобијат и домашните и странските туристи со атрактивни содржини“, рече Стенберген.
„Водејќи се по примерите на Фландрија, имавме мултидисциплинарен пристап кон изнаоѓање соодветни конзерваторско-архитектонски решенија за проектот, при што се направени повеќе елаборати за активностите на споменикот и негова рехабилитација. Аквадуктот треба да претставува нов јавен простор што би ги обединил граѓаните со својата културна, естетска, социјална и рекреативна содржина“, рече директорот на Управата за заштита од културно наследство, Паско Кузман.
Коце Трајановски појасни дека Градот ќе испрати барање до Владата за да се обезбедат средства, бидејќи смета дека за целосна и успешна реализација на проектот ќе треба активно да се вклучат и Министерството за транспорт и врски, општините Карпош и Бутел, но и сите локални граѓани, кои со своите идеи и иницијативи би придонеле за побрзо расчистување на сметот околу локалитетот.
Архитектура - Домашна архитектура

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture is the reaching out for the truth.Louis Kahn