Архитектура - Домашна архитектура
Изложба на монети под наслов „Муниципиум Стобенсиум - Римската монетарница во Стоби“ денеска, во 12 часот, ќе биде отворена во Музејот на Македонија, во Старата скопска чаршија. Ќе бидат претставени уникатни бронзени монети ковани во текот на владеењето на 11 римски императори од 73 (кога монетарницата почнала да работи) до 217 година, кога нејзината активност замрела. Изложбата ја подготви нумизматичарот Перо Јосифовски, а ќе ја отвори академик Бера Битракова-Грозданова.
- Водевме сметка да има ретки, уникатни монети, единствени или неколку во целиот свет, но и да се прикаже целокупната иконографија. Селектирани се 176 монети од сите периоди на ковањето монети во Стоби. Македонската јавност ќе може да види бронзени монети што се користеле за локална употреба и се од четири фази на монетоковање во монетарницата во Стоби. Сребрените и златните монети биле носени од Рим - вели Јосифовски.
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
It seems a fantastic paradox, but it is nevertheless a most important truth, that no architecture can be truly noble which is not imperfect.John Ruskin





