Општинските урбанисти во Велес, Куманово, Кратово, Штип и Берово имаат рок од два месеци да изработат предлог урбанистички планови за заштита на архитектонското наследство. Во плановите ќе треба да ги одбележат сите градби кои се автентични, уникатни и вредни. Во мај, годинава на плановите заеднички ќе работат со француските колеги, а кога ќе бидат готови ќе ги усвојат Советите на општините за да овозможат заштита на архитектонските бисери на локално ниво со конкретни мерки за решавање на урбанистичкиот хаос .
„Велес посебно изобилува со традиционална архитектура која што за жал е оставена на забот на времето што пак придонесува за деградација на тие објекти“-вели Горан Петров, градоначалник на Велес. На архитектите и историчарите на уметност во Македонија ќе им помагаат експерти од Француската национална асоцијација на градови со историја и уметност. Во нивната држава нема незаштитени градби, објекти и споменици. Тие апелираат за соработка со граѓаните во Македонија.

„И на граѓаните треба да им се објасни дека стручните лица работеле, направиле план за тоа како да се развива градот во иднина врз основа на заштита на архитектонското наследство“-вели Антоан Бругерол, експерт за заштита на архитектонско наследство во Франција.
„Староградската велешка куќа со чардаците -тоа е една многу голема вредност а другата е пејсажната вредност на Велес“– вели Марилиз Ортиз , директор на француската национална асоцијација на градови со историја и уметност.
Архитектонското наследство во Македонија ќе се евидентира со 60 илјади евра, кои ги обезбедија Французите. Потоа, Македонија и Франција од пристапните фондови на ЕУ ќе бараат пари за реновирање и реконструкција на вредните архитектонски градби.
Автор на текстот:Убавка Јаневска
Архитектура - Домашна архитектура

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
But those musics do not address the larger kind of architecture in time that classical music does, whatever each one of us knows that classical music must mean.Michael Tilson Thomas