ААМ - Новите визии и старите планови за Скопје

Архитектура - Домашна архитектура

Асоцијација на архитекти на Македонија организира промотивна дебата на 10 Мај 2011 во Музеј на град Скопје, со почеток во19.00 часот. Насловот на дебатата е „Новитe визии и старите планови за Скопје?˝ по повод промоцијата на македонското, албанското и англиското издание на монографската студија СКОП[ИЛЕ]: Архитектурата на поделениот град од Милан Мијалковиќ и Катарина Урбанек.

Настанот ќе се одржи во просториите на Музејот на град Скопје со почеток во 19 часот, како симболичко место кое се вклопува со тематиката и тезите на авторите на монографската студија. Промоцијата ќе биде проследена со видео презентација, специјално подготвена од авторите, како и со изложба на атрактивни илустрации и графики од самата книга, чие македонско и албанско издание ги објави издавачката куќа Готен од Скопје, во рамките на едицијата Лантерна.

Македонската промоција следува по објавувањето на македонското издание на книгата, подржано од Фондацијата институт отворено општество - Македонија, во рамките на програмата за граѓанско општество, како и од албанското издание, кое финансиски го подржа Сојузното министерство за култура и образование на Австрија. Англиското издание на книгата беше објавено во март 2011, од страна на издавачката куќа Визер Верлаг од Клагенфурт/Целовец, Австрија, која е одговорна и за глобалната и интернет дистрибуција на книгата.

Оваа несекојдневна студија за архитектурата на главниот град, видена и одвнатре и однадвор, од Милан Мијалковиќ и Катарина Урбанек, македонско-австриската двојка млади архитекти која живее и работи во Виена, беше промовирана на саемот на книгата во Лајпциг. Промотивната дебата, инспирирана од тезите на авторите, а со цел да се развие широка дискусија во јавноста е посветена на: ˝Новатe визии и старите планови за Скопје?˝

Воведен збор во дискусијата ќе даде г-ѓа Даница Павловска, претседател на Управен одбор на  Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Учесници во дискусијата ќе бидат д-р Небојша Вилиќ и м-р Бојан Иванов, кои воедно беа и рецензенти на книгата, како и архитектите: Зоран Попоски, Бетим Зекири, Мимоза Томиќ и Елизабета Пољоска. Модератор на дебата ќе биде м-р Роберт Алаѓозовски, главен уредник во Готен.

Организатори на настанот се Издавачката куќа Готен и Асоцијацијата на архитекти на Македонија.


Добра мисла

Consider the momentous event in architecture when the wall parted and the column became.

Louis Kahn


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 62 гости присутни