Пуштена во употреба новата жичница на Скопје

Архитектура - Домашна архитектура



Вчера беше пуштена во употреба новата жичницата што ги поврзува Средно Водно со Милениумскиот крст. Жичницата располага со 28 кабини за по осум лица и две ВИП кабини за по четири лица. Гондолите од надворешната страна се опремени со држачи за велосипеди.

Трасата на оваа, нова, градска атракција е долга 1.750 метри и се искачува од 570 метри надморска височина на Средно Водно до 1.068 метри надморска височина на Милениумскиот крст.
Жичницата на Водно ја градеше австриската фирма „Допелмаер“, а со неа ќе стопанисува ЈСП-Скопје.





„За функционирањето на жичницата се грижат 10 вработени во ЈСП „Скопје“ кои што ги поминаа најдобрите обуки. Градот Скопје го уреди просторот околу базата на жичницата, постави урбана опрема и дрвени куќарки во кои што ќе може да се купат освежителни пијалаци и сувенири. Се смета дека жичницата ќе се претвори во нова атракција и белег на градот Скопје со што ќе го привлече вниманието на посетителите на Водно“ - изјави градоначалникот Трајановски.


Добра мисла

Architecture in general is frozen music.

Friedrich von Schelling


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 62 гости присутни