Архитектура - Домашна архитектура
Макетата изработена во ателјето на Кензо Танге на која е претставен мастерпланот за Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, сопственост на Музејот на град Скопје, ќе биде изложена на поставката која од 17 септември 2011 до 15 јануари 2012 година под мотото „Метаболизам, градот на иднината: од Кензо Танге до сегашноста” ќе биде поставена во музејот „Мори арт” во Токио.

Вишиот кустос архитект Јасминка Намичева нагласи дека во преписките кои се воделе со Токио било нагласено дека со оглед на земјотресите кои се случија во Јапонија на 11 март, мастерпланот за Скопје станал актуелен бидејќи тоа е единствен проект на Танге кој е правен за град уништен од земјотрес.

Изложбата во Токио, меѓу другото, има за цел возобновување на идеите на метаболизмот како футуристички архитектонски правец, кој се заснова на употреба на метафорите за да се креираат флексибилни урбани структури. Централна фигура на изложбата е Кензо Танге, а покрај него и Кишо Курокава.

Конкурсот за генералниот план за дизајн на новиот градски центар бил под покровителство на ООН. Специјално оформеното жири составено од архитекти наградата ја подели во сооднос 60:40 помеѓу Кензо Танге и загрепското студио на Мишевиќ&Венцлер. Макетата прв пат била изложена во Музејот на град Скопје во рамки на изложбата „Социјалистичка изградба”, а во текот на осумдесеттите поставката била однесена во депо при што претрпела оштетувања.
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
It's my goal to make a building as immaterial as possible. Architecture is a very material thing. It takes a lot of resources, so why not eliminate what you don't need as long as you're able to achieve the same result?Helmut Jahn





