- Целта на изданието е да ја прикаже земјава како волшебна дестинација. Затоа се одлучивме да поставиме фотографии и звуци од сето тоа што по првиот поглед или звук предизвикува посебни, волшебни чувства. Не претставивме се' и сешто, туку само тоа што е навистина убаво. Тоа е издание со кое земјава ќе може гордо да се претставува во светот - вели Иво Јанковски од „Трето уво“.
:::Култура
Архитект.мк
Игор Василевски
Архитектура - Домашна архитектура
Фотографии, звуци, објаснувања на македонски и на англиски јазик за нашата земја се содржани во новата монографија „Волшебна Македонија“, која ќе биде промовирана вечерва во 20 часот во Музејот на град Скопје. Во неа се содржани 600 фотографии од наши археолошки локалитети, природни убавини, инструменти, народни носии, цркви, џамии, етнолошки предмети. Заедно со монографијата има и дивиди на кое во четириесетминутен филм, заедно со фотографиите, се прикажани и автентични звуци од прикажаните објекти, предмети, локации. Така, вметнати се звуци од скопската Стара чаршија, од црковни пеења, пеења на оџи, звуци од брановите на Охридското Езеро, музика од гајди, од зурли. Монографијата е во издание на „Трето уво“ и оттаму велат дека таа ќе се користи за промоција на земјава како дестинација за туризам, но и за снимање филмови. Комплетот од книгата и дивидито ќе биде дистрибуиран и до светскиот телевизиски канал „Нешенел џиографик“.- Целта на изданието е да ја прикаже земјава како волшебна дестинација. Затоа се одлучивме да поставиме фотографии и звуци од сето тоа што по првиот поглед или звук предизвикува посебни, волшебни чувства. Не претставивме се' и сешто, туку само тоа што е навистина убаво. Тоа е издание со кое земјава ќе може гордо да се претставува во светот - вели Иво Јанковски од „Трето уво“.
:::Култура
Архитект.мк
Игор Василевски
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Consider the momentous event in architecture when the wall parted and the column became.Louis Kahn





