Оваа година, во рамките на манифестацијата АСК - Архитектура Скопје, покрај тековната програма, Музејот на Град Скопје одлучи да ја поддржи и изложбата на група млади архитекти, со наслов: “100.000 м2 за Скопје”. Целта на оваа изложба е пред пошироката јавност да се претстават архитектонски проекти кои се од исклучително значење за урбаниот развој на градот Скопје, а како такви им се речиси непознати на неговите граѓани. На изложбата ќе бидат претставени три наградени архитектонски проекти со кои групата архитекти учествуваше на јавните конкурси за избор на најдобро решение за обликување на објекти од јавен карактер за нашиот град.
Изложбата ќе биде конципирана околу трудовите за:
· Надградба на Градски Трговски Центар Скопје
меѓународен конкурс - првонаграден труд
· Универзитет за Информатички Технологии Скопје
национален конкурс - првонаграден труд
· Драмски Театар Скопје
национален конкурс - откупен труд
Причината за силната поддршка на една ваква изложба е во фактот што ниту еден од овие проекти не и беше прикажан на нашата јавност во соодветна форма. Од друга страна, трудовите манифестираат исклучителна зрелост на архитектонската мисла која како вредност досега беше препознаена само од меѓународни институции. Во тој контекст, несомнениот квалитет на проектите е потврден преку нивно публицирање во реномирани европски галерии и магазини за архитектура.
Изложбата ќе се отвори на 13.11.2009 во 19 часот во малата сала на Музејот на град Скопје, а ќе трае до 20.11.2009 година.
Архитектура - Домашна архитектура

| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
In my experience, if you have to keep the lavatory door shut by extending your left leg, it's modern architecture.Nancy Banks Smith