Архитектура - Домашна архитектура
Вчера вечер, во Музејот на Град Скопје, Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, свечено им ги врачи Признанијата за особен придонес за архитектурата на територија на градот Скопје на победниците на конкурсот, што се распишува во рамките на Манифестацијата Архитектура Скопје "АСК 2009".
- Ми претставува особена чест, што по единаесетти пат, Градот Скопје. Преку оваа манифестација, ја има можноста скромно да ги стимулира нашите архитекти, да работат повеќе, да креираат и создаваат за нашето Скопје да биде поубаво. Се надевам дека квалитетот на нивните трудови ќе го препознаат инвеститорите, па во иднина нивните нацрти ќе станат наша реалност - рече Трајановски.
Трите признанија за особен придонес за архитектурата на територијата на градот Скопје, Градоначалникот Трајановски им ги врачи на Драган Игнов и Никола Павловски за нивната архитектонска замисла на „Складиште под царински надзор и администрација“, на Емил Јегени, Елена Икономов и Веле Богоевски од „Платформа“ за нивната визија на „Урбан хотел“ и на Мишо Арсов и Игор Димов за нивната „Индивидуална станбена куќа“. Главната награда за архитектура на градот Скопје отиде во рацете на членовите на „ДСЦ Дизајн“, Звонко Тасевски, Светлана Цветковиќ-Ангелова и Борче Стојковски за нивното дело „Резиденцијален објект“.
На распишаниот конкурс за учество на АСК 2009, беа пријавени 30 труда во разни категории: реализации, проекти, ентериер и други форми на архитектонско творештво.Во рамките на АСК 2009, поставена е и изложба од Конкурсот за дизајн на повеќе наменска монтажно демонтажна тезга , којшто беше објавен во септември 2009 година, а го распиша Градот Скопје.Веднаш по завршувањето на изложбата, вчера вечер, во Салонот 3 на МГС се одржа промоција на книгата „7 споменици на културата во Скопје и скопско“ од Проф. Панче Велков.Во книгата целосно се претставени седум значајни споменици од Скопје и скопско меѓу кои: Св. Пантелејмон – Нерези, Св.Андреа – Матка, Св. Никита – Бањани, Св. Димитрија – Марков манастир, Мустафа Пашината џамија, Куршумли ан и црквата Св. Спас.
Манифестацијата Архитектура Скопје се одржува традиционално секоја година, а по повод одбележувањето на празникот на градот Скопје 13. Ноември, годинава беше промовирана и книгата „7 споменици на културата во Скопје и скопско“ што наскоро треба да го добие и своето англиско издание.
:::skopje.gov.mk
:::skopje.gov.mk
| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture is the learned game, correct and magnificent, of forms assembled in the light.Le Corbusier





