Куќата на Уранија - најрепрезентативната градба на старата охридска архитектура

Архитектура - Домашна архитектура

Во недела, во 13 часот, во Охрид, на свечен начин ќе и биде предаден на користење на Македонската академија на науките и уметностите, реконструираната „Спомен - куќа на Уранија”, една од најрепрезентативните градби на старата охридска архитектура.

800px-Ohrid_Macedonia_02

На промоцијата, на овој значаен споменик на културата, каде што пред 42 години преку изборот на првите 14 редовни членови на МАНУ започна растежот на оваа врвна национална институција, ќе говорат министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска, академик Георги Старделов, претседател на МАНУ и Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Реконструкција на „Куќата на Уранија” во Охрид е капитален проект на Министерството за култура и е мошне значаен од аспект на запазување и заштита на автентичноста на старата градска архитектура со оглед дека Охрид е град под заштита на УНЕСКО.

Првата поголема реставрација и конзервација на „Куќата на Уранија” е изведена во 1951/52 година, а во 2008 година, поради потенцијалната опасност од оштетувања, НУ Завод и Музеј - Охрид изработи изработи проект за целосна реконструкција на конструкцијата на објектот. За реализацијата на овој проект на Министерството за култура, беше извршено статичко зацврстување на камените ѕидови од подрумот и приземјето. Потоа беше извршена факсимилна обнова на двата ката и на покривот од објектот. Објектот факсимилно е обновен како надворешно така и внатрешно со запазување на сите елементи.

Исто така е извршено и уредување на дворното место од јужната страна со поплочување на просторот и изведување на дрвена натстрешница во дворното место.Куќата на Уранија е изградена во втората половина на 19 век. Припаѓала на неколку гранки од семејството Филевци, закупци на езерскиот риболов во турско време. Подоцна сопствениците се иселиле од Охрид, а останат е само споменот на старата жена Уранија, последен жител на домот, по која куќата го добила името.





:::Инпрес

Добра мисла

In addressing a task, one almost always has several possible options, sometimes only a few, and they may all be practical and functional. But they lack the aesthetic aspect that raises it to architecture.

Arne Jacobsen


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 63 гости присутни