Таа ќе биде поделена во шеснаесет делови, колку што има истражувани локалитети во земјава. Меѓу другото, публиката ќе има ретка можност да ги погледне вазите и златниот накит од Исар Марвинци, теракотните фигури од Стоби, златните погребни наоди од Охрид, венецијанските монети од Цареви кули, статуите од Хераклеја и многу други археолошки парчиња од локалитетите Стибера, Зрзе, Плаошник, Самоилова тврдина и други. Највредните предмети годинава, велат археолозите, се тие што се пронајдени во некрополите на Исар Марвинци.
Посебно место во изложбата ќе имаат т.н. црвенофигурални вази од 4 век пр.н.е., но и златниот накит од исто време. - Вазите се прекрасно изработени, со претстави на сцени од митологијата. На повеќето од нив се насликани борби на Амазонки со грифини - вели Златко Видевски, раководител на ископувањата на Исар Марвинци. Мошне впечатливи се и наодите од некрополата од Горна Порта во Охрид. - Златната ритуална маска и ракавица, накитот, многубројните сребрени, бронзени, килибарни и керамички садови, кои, исто така, беа во охридската гробница, ќе бидат дел од изложбата - најавува Кузман.
Силвана Блажевска, раководителка на истражувањата на локалитетот Стоби, вели дека иако не се многу, наодите од античкиот град се интересни и ќе добијат свое место во археолошкото претставување. Во само еден гроб археолозите со последните истражувања најдоа сто и петнаесет теракотни фигурини, најчесто со претстави на божества, животни, но и со сцени од секојдневниот живот. - Посебно се интересни теракотите со комедијанти, кои во тоа време ги забавувале луѓето. Вакви фигури често се наоѓаат во гробници од првиот век пр. н. е - вели Блажевска.
Теракотите, вели таа, се изработени во калап, а по печењето се премачкани со бела боја, врз која деталите се нагласени со интензивна сина, црвена и жолта боја, која е зачувана во траги. И битолскиот локалитет Хераклеја, кој беше меѓу приоритетните наоѓалишта, ќе има свој дел на постановката. Оттаму ќе бидат изложена императорската скулптура, која служела како камен-темелник за доцноантичка градба, но и бронзената женска фигура од 2-3 век пр. н. е.
Златните обетки со претстави на птици од некрополите во Исар Марвинци се едни од најубавите наоди што ќе бидат претставени на археолошката изложба во Музеј на Македонија, велат познавачите. Обетките се изработени така што на алка од златна жица се поставени гулабици изведени од ламарина. Телото на гулабиците е украсено со филигранска жица, која имитира пердуви и свиткани нозе на птица во лет. Како честа декорација кај овој тип обетки е полускапоцен камен што се вметнува на алката над главата на гулабицата.

Архитектура - Домашна архитектура
Најрепрезентативите артефакти најдени годинава на нашите локалитети ќе бидат претставени пред македонската јавност во последните денови од овој месец, на голема предновогодишна изложба во Музеј на Македонија.Постановката изобилува со значајни наоди од антиката до средниот век и ја оправдува интензивната археолошка акција во последнава година, вели Паско Кузман, директорот на Управата за заштита на културното наследство.Таа ќе биде поделена во шеснаесет делови, колку што има истражувани локалитети во земјава. Меѓу другото, публиката ќе има ретка можност да ги погледне вазите и златниот накит од Исар Марвинци, теракотните фигури од Стоби, златните погребни наоди од Охрид, венецијанските монети од Цареви кули, статуите од Хераклеја и многу други археолошки парчиња од локалитетите Стибера, Зрзе, Плаошник, Самоилова тврдина и други. Највредните предмети годинава, велат археолозите, се тие што се пронајдени во некрополите на Исар Марвинци.
Посебно место во изложбата ќе имаат т.н. црвенофигурални вази од 4 век пр.н.е., но и златниот накит од исто време. - Вазите се прекрасно изработени, со претстави на сцени од митологијата. На повеќето од нив се насликани борби на Амазонки со грифини - вели Златко Видевски, раководител на ископувањата на Исар Марвинци. Мошне впечатливи се и наодите од некрополата од Горна Порта во Охрид. - Златната ритуална маска и ракавица, накитот, многубројните сребрени, бронзени, килибарни и керамички садови, кои, исто така, беа во охридската гробница, ќе бидат дел од изложбата - најавува Кузман.
Силвана Блажевска, раководителка на истражувањата на локалитетот Стоби, вели дека иако не се многу, наодите од античкиот град се интересни и ќе добијат свое место во археолошкото претставување. Во само еден гроб археолозите со последните истражувања најдоа сто и петнаесет теракотни фигурини, најчесто со претстави на божества, животни, но и со сцени од секојдневниот живот. - Посебно се интересни теракотите со комедијанти, кои во тоа време ги забавувале луѓето. Вакви фигури често се наоѓаат во гробници од првиот век пр. н. е - вели Блажевска.
Теракотите, вели таа, се изработени во калап, а по печењето се премачкани со бела боја, врз која деталите се нагласени со интензивна сина, црвена и жолта боја, која е зачувана во траги. И битолскиот локалитет Хераклеја, кој беше меѓу приоритетните наоѓалишта, ќе има свој дел на постановката. Оттаму ќе бидат изложена императорската скулптура, која служела како камен-темелник за доцноантичка градба, но и бронзената женска фигура од 2-3 век пр. н. е.
Златните обетки со претстави на птици од некрополите во Исар Марвинци се едни од најубавите наоди што ќе бидат претставени на археолошката изложба во Музеј на Македонија, велат познавачите. Обетките се изработени така што на алка од златна жица се поставени гулабици изведени од ламарина. Телото на гулабиците е украсено со филигранска жица, која имитира пердуви и свиткани нозе на птица во лет. Како честа декорација кај овој тип обетки е полускапоцен камен што се вметнува на алката над главата на гулабицата.

::: Време
| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје





