Архитектура - Домашна архитектура
Предновогодишниот период често пати е резервиран за големи подготовки кои ќе го освежат просторот, ослободат од непотребните работи, односно ќе засјаат во препознатливиот новогодишен сјај. Со малку волја, слободно време и идеја можете да уживате во новата димензија на својот дом.Проблемот секогаш е ист, секогаш премалку простор а премногу работи. Освен за престој, домот станува работно место, хоби простор, училна, цртална. Обврските и потребите постојано растат, а станбените квадрати остануваат исти. Повремено предметите се многубројни, но и елементите на регалите , кои се во функција на задоволства на новонастанатите потреби. Така просторот станува се помал заради загушеноста, а со тоа и поминатото време во него е помалку квалитетно.
Станбените простории, особено дневниот престој и трпезарија, во кој се поминува најголемиот дел од слободното време, треба да ги задоволи параметрите како добрата природна осветленост, функционалнитот распоред на мебел, добрите комуникации, прозрачноста, естетиката која е прилагодена спрема вкусот и желбата на станарите. Просторот кој ги задоволува наведените критериуми ќе биде пријатен за престој и дружење.
За уредувањето да го спроведете на вистински начин, потребно е пред било какви интервенции да се изанализираат вистинските потреби и просторни можности. Различните предмети кои се во потреба и оние без кои се може, согледајте ја можноста на сместување на новиот елемент кои ќе ги замени помалите во просторот и ќе го прочисти, анализирајте ја количината на светлото и потреба, применете нежни и топли бои на ѕидовите.
Личните работи се идеални за брзи и ефектни промени во просторот, а помали површини можат да се средат по принципот направи сам. Освен ликот на ѕидот, брзи и видливи промени се постигнуваат со промени на завесите , прекривачите или подните простирки. Доколку имате проблеми со намален простор, и повеќе предмети, обавезно примените еднобојни завеси, и теписи со дискретен изглед. Боите треба да бидат посветли, а завесите прозрачни заради подоброто пропуштање на светлоста. Ефектот на добра осветленост, може визуелно да го зголеми просторот за да биде покомфорен.
Впечатокот на оптеретениот простор често го создаваат украсните предмети, слики и скулптури кои се прекубројни, а понекогаш не се поставени на правилен принцип. Доколку не можете да се одвоите од драгите предмети, позанимавајте се со нивното сместување на начин да ги групирате на полица или ѕид односно правејќи галериска зона, која ќе ги прочисти останатите делови од просторот.
Стилската разноличност може да ја загуши оптеретеноста, затоа бидете внимателни при стилското мешање. Решенијата можат брзо да бидат многу успешни, кога се работи за планско уредување на овој начин, но проблемите се појавуваат најчесто при стихиското мешање на стилови, т.е. задржувањето на старите, а додавање на нови елементи.
За да го растеретите просторот испразнете ја собата. Зачистете го просторот тежнеејќи кон минималистичко геометриските облици. Доколку тешко се одвојувате од стариот мебел бидејќи се доволно цврсти и квалитетни задржете ја нивната конструкција променете го центарот користејќи фурнири, иверали или огледало. Одбирањето на материјалите прилагодете го на постојаната конструкција, и не заборавајте, креденците пак се во мода. Одбирањето на креденците како монолитен елемент, во модерна изведба е многу подобро решение, од многубројните помали елементи, доколку целта ви е да го растеретите просторот.
Доколку имате склад, искористете го максимално и непотребните работи ставете ги во него. На тој начин привремено ќе ги ги тргнете драгите предмети, а по желба повторно ќе ги вратите во просторот. Доколку немате ваква просторија , вишокот предмети распоредете го во орманите на другите станбени простории, со цел за максимално растертување на дневниот престој во кој загушеноста на просторот највеќе се осеќа.
Времето за вистинско уредување доаѓа. Иако понекогаш тешко е да се направат некои чекори, транспарентниот и растеретен простор секогаш нуди врвно уживање и комфор.
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
In art or architecture your project is only done when you say it's done. If you want to rip it apart at the eleventh hour and start all over again, you never finish. I was one of those crazy creatures.Maya Lin





