Богатата збирка ќе биде презентирана во реновирана музејска сала со површина од 700 квадратни метри. Артефактите се веќе сместени во специјални изложбени витрини. Изложени се забите на мастодонтот пронајдени во РЕК „Битола“, предмети од неолитот, антиката па се' до периодот на конзулска Битола.
- Салата е опремена со видеомониторинг, со камери и алармни системи. Светло ќе има и преку ноќ. Ова беше најнеопходно заради безбедноста на вредните артефакти - изјави директорот Зоран Николовски. Музејската сала беше реновирана со 5.000 евра од Министерството за култура и со 3.000 евра донации од битолчани.
:::daily.mk
Архитектура - Домашна архитектура
Во битолскиот Завод и музеј вечерва во 19 часот свечено ќе биде отворена голема музејска поставка со која ќе се одбележат 75 години од работата на музејот. Ќе бидат изложени 2.013 артефакти од историското минато на Битолскиот регион кои со години биле чувани во депоата на Заводот.Богатата збирка ќе биде презентирана во реновирана музејска сала со површина од 700 квадратни метри. Артефактите се веќе сместени во специјални изложбени витрини. Изложени се забите на мастодонтот пронајдени во РЕК „Битола“, предмети од неолитот, антиката па се' до периодот на конзулска Битола.
- Салата е опремена со видеомониторинг, со камери и алармни системи. Светло ќе има и преку ноќ. Ова беше најнеопходно заради безбедноста на вредните артефакти - изјави директорот Зоран Николовски. Музејската сала беше реновирана со 5.000 евра од Министерството за култура и со 3.000 евра донации од битолчани.
:::daily.mk
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
French architecture always manages to combine the most magnificent underlying themes of architecture; like Roman design, it looks to the community.Stephen Gardiner





