Во сабота - 19.12.2009 во Мултимедијалниот центар Мала станица, со почеток во 12:00 часот, Коалицијата за одржлив развој - КОР од Скопје ќе го промовира првиот Архитектонски водич на Скопје.
Овој водич е нивни искрен придонес кон промовирањето на богатото културно и архитектонско наследство на градот Скопје, а со тоа и на Македонија, како дел од богатото европско културно наследство, чија слика не би била целосна доколку некои негови делови се изоставени.
Во водичот се претставени вкупно 102 објекти, поделени во три периоди:
- Средновековен + преродба - од 12 до 19 век (цркви, манастири - вкупно 16 објекти)
- Отомански период - од 15 до19 век (вкупно 14 објекти)
- Периодот на 20 век – меѓу двете светски војни, повоениот период до катастрофалниот земјотрес од 1963, како и периодот од земјотресот до 90-тите години на минатиот век (вкупно 72 објекти)
- плус четири архелошки и урбани локалитети - Стоби, Кале, Аквадуктот и Старата чаршија.
Составен дел од Водичот е и една мапа на која се означени сите објекти, како и две мапи од централното градско подрачје и од Старата чаршија. Објектите во овој прв Архитектонски водич, печатен на англиски јазик, чиј издавач е Коалицијата за одржлив развој КОР, се хронолошки прикажани, а изборот е направен според намената, знаењето, како и контекстот на зданијата кои претставуваат соодветен архитектонски одговор на времето што го претставуваат.
„Овој водич треба да се сфати не како завршен продукт, туку како процес, кој е почнат, кој ќе трае и понатаму ќе треба да се интензивира. Тој нема претензии да е совршен, туку да биде поттик за изработување на нови, подобри и побогати изданија. Во Водичот е претставен само мал дел од материјалот кој го најдовме и кој допрва треба да се класифицира, и да се вреднува“.
Автори на Водичот се архитектите: м-р Дивна Пенчиќ, д-р Инес Толиќ, м-р Билјана Стефановска, како и Соња Дамчевска, претседател на КОР. Соработници се Борка Стрезовска и Билјана Спиркоска, а дизајнот на публикацјата го направи Билјана Стефановска.
Архитект.мк
Игор Василевски
Архитектура - Домашна архитектура

| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I mean, certainly writing, painting, photography, dance, architecture, there is an aspect of almost every art form that is useful and that merges into film in some way.Sydney Pollack