Архитектура - Домашна архитектура
Млада благородничка, на возраст од околу 16 години, датира од 5-от век пред нашата ера, почива на локалитетот Горна Порта, на патот кој води кон црквата "Света Богородица Перивлепта", стар Свети Климент.Ова го докажуваат последните артефакти пронајдени во гробницата со број 167, што ја откри археолошкиот тим, предводен од археологот Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културно наследство. Во гробницата е пронајден черепот на младата благородничка и 4-5 заби, кои како што вели Паско Кузман, се чуваат како да се повредни од злато, бидејќи можат да послужат за ДНК анализа. Нејзиното вечно почивалиште било опкружено со златен, сребрен и бронзен накит, килибар и ќерамички предмети.
Веќе откриените гробници на овој локалитет ги наведе археолозите да продолжат со ископување на предмети и наоди кои само ја потврдуваат древноста на Лихнидос. По два месеци работа на екипите на водоводното претпријатие "Проаква", од страна на Заводот и музеј - Охрид, до нив е испратено известување дека тука се наоѓаат вредни историски предмети, поради што привремено ќе мора да ги стопираат работите околу приклучувањето на црквата " Света Богородица Перивлепта " на канализациониот систем.
-Во новооткриената гробница пронајдовме прилози од времето на златните маски, но златна маска не пронајдовме. На едното око имаше златна плочка, а на увото златна обетка. На устата пронајдовме и златна плочка со ромбоиден облик. Овие предмети имаат иста орнаментика како златната маска, што значи дека веројатно се изработени во иста работилница. И тие, како и златната маска, имаат иста намена, маскирање на покојните, вели за Инпрес, археологот Паско Кузман.

Како што објаснува тој, за кусо време се откриени околу 17 гробници од македонско-хеленистичкиот период, во кои има златен накит,што потврдува дека Лихнидос и во тоа време бил урбан монденски град. Во последната гробница се пронајдени златен, сребрен и бронзен накит, златен колан долг околу 40 сантиметри, амфороидни приврзоци, обработен килибар и ќерамички предмети. Археолозите презентираа само дел од златниот накит, кој експресно беше конзервиран.

- Археологијата не е тешка туку е комплексна работа која бара многу труд и ангажман. Секако дека археологијата има и свои тајни. Многу сум среќен и возбуден заради последното откритие, додава Балев.
Последните археолошки наоди потврдуваат дека на секој сантиметар во светиот Охрид има артефакти. Повеќето од нив се пронајдени при изведување градежни работи, како на пример Охридската Изида, позади зградата на Општина Охрид, потоа на градското корзо и таканатаму.
Досега во охридските музеи се изложени околу 450 златни предмети. Колку за споредба, археолозите велат дека толку нема на целата територија од Македонија. До крајот на годинава во Златната одаја во Куќата на Робевци, која се опремува, ќе биде отворена изложба со пронајдените предмети. Според најавите од Министерството за култура, за неколку години, на реката Вардар во Скопје ќе биде изграден музеј во кој ќе бидат поместени сите важни археолошки пронајдоци во Македонија.
:::Инпрес
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture is the learned game, correct and magnificent, of forms assembled in the light.Le Corbusier





