Плаошник се подготвува за Светиклиментовиот универзитет

Архитектура - Домашна архитектура

Скопско-охридската проектантска група во текот на идните пет месеци треба да го подготви и основниот проект за возобновување на Светиклиментовиот универзитет. Се очекува и реализацијата на проектот да почне во првата половина на 2010 година.


Возобновувањето на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник треба да започне на пролет, до кога ќе биде подготвен и основниот проект од страна на Скопско-охридската проектантска група. Според надлежните во Министерството за култура во текот на оваа година се работеше на конзервирање и реставрирање на откриените архитектонски остатоци од сите периоди.


-На Плаошник континуирано без прекин се работи на архитектонските остатоци од објекти на старите цивилизации, од македонско хеленистичкиот период, римскиот, преку доцно античкиот, па се до отоманскиот период. Сепак, најмногу е работено на истражувања и конзервирање на остатоците од Св. Климентовиот манастир. Работите ќе продолжат се до пролет кога треба да биде завршен проектот и тендерите за градежните работи, објаснува Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Според Паско Кузман во проектот ќе се води сметка и за остатоците од градбите кои ќе бидат вклопени во ентериерот и екстериерот на комплексот, а потоа и презентирани на јавноста.
- Целта на овој капитален зафат е да се откријат сите културни слоеви на локалитетот и остатоците од манастирските конаци на комплексот Свети Климент и Свети Пантелејмон" во кои се одвивала Светиклиментовата културна, духовна и просветителска дејност, велат во Министерството за култура. За возобновување на Светиклиментовиот универзитет од страна на Владата беа предвидени шест милиони евра.

Инаку, Светиклиментовиот универзитет кој е прв на Балканот и еден од најстарите во светот, бил просветно светилиште во 9 и 10 век. Во него се описмениле над 3.500 ученици.

Комплекс со конаци, факултет, галерија...
Проектната програма за возобновување на Светиклиментовиот универзитет предвидува повеќе комплекси. Во рамките на првиот се предвидени манастирски конаци и објект во кој ќе биде сместен теолошки факултет. Вториот предвидува Музеј на Плаошник и Галерија на икони, а во третиот комплекс ќе бидат сместени Светиклиментовата библиотека со почетен книжен фонд од 100.000 публикации од областа на хуманистичките науки, Македонски институт за хуманистички науки и Конференциски центар. Клоновите на светските универзитетски центри, се планирани во рамките на четвртиот комплекс.




Архитект.мк
Игор Василевски


ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

Doctrines provide an architecture for both Republican and Democrat presidents to carry out policies.

Malcolm Wallop


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 68 гости присутни