За првпат со заеднички напори се работи на реструктурирање во културниот сектор и изнаоѓање на модел за структурна поддршка на независните културни организации во Македонија од страната на Министерството за култура и локалните власти, со што треба да изроди нов автохтон модел за структурна поддршка и подобрување на релацијата независни организации – институции во Македонија.

На покана на организаторот активно учество во работилницата земаат и 4 претставници од институции, локална власт и независни организации од Холандија. Тие го презентираат и критикуваат нивниот модел на структурна поддршка и односите во културниот сектор. Преку компаративно согледување, претставниците од институциите и организациите од земјава треба да изградат свој сопствен модел кој ќе биде функционален и ефективен. Идејата позади оваа иницијатива е како со добар менаџмент на финансиските средства, подобра комуникација и координација да се зголеми ефикасноста во работата како на јавните органи и институции, така и на приватните и независни организации во областа на културата.
Работилницата стартува на 13 јануари, 10 часот, со поздравни обраќања на амбасадорката на Холандија, Симоне Филипини и Александар Велиновски од „Јавна соба“.
Во првиот дел ќе бидат прикажани перспективите на: (1) централнaта власт, (2) локалната власт, (3) јавните културни институции и (4) независната културна сцена. Постои вистинска потреба да се направи анализа на работата во целиот сектор и да се постават повисоки цели со што ќе се зголеми задничката ефективност и крајните резултати. Целта на овој дел е да се детектираат вистинските потреби, да се разгледуваат можните начини на поддршка и финансирање кои што би овозможиле поефикасно функционирање на целиот сектор култура како и унапредување на работата преку внесување на нови форми на културна соработка на национално и интернационално ниво.
Во вториот дел ќе се споделат искуствата со колеги од Холандија. Размената на искуства и практики треба да допринесат кон подобрување на работата на организациите во Македонија на национално и на локално ниво. Фокусот во овој дел од работилницата е свртен кон претставување на различни инструменти на финансирање и нивно практично системско спроведување: структурно финансирање, партнерство со јавните институции, соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор.
Втората сесија од работилницата на 14 јануари се состои од изнаоѓање модел којшто ќе може да се имплементира во локалниот контекст, реализиран низ работна сесија на која што ќе присуствуваат претставници од Министерството за култура на Македонија, локалната власт (општините во Македонија) и граѓанскиот сектор. Понатаму, во текот на работниот дел ќе се разгледуваат можните начини за воспоставување на систем на соработка со незавнисниот културен сектор, моделиран така што ќе нуди непречена поддршка за реализација на своите активности врз основа на воспоставен систем на критериуми и транспарентност во одлучувањето.
:::Форум
Архитектура - Домашна архитектура
Во организација на промо-центарот „Јавна соба“ – Скопје, со поддршка на Министерството за култура и Амбасадата на Кралството Холандија на 13 и 14 јануари, во хотелот „Карпош“ во Скопје, ќе се одржи работилница со наслов „Структурна поддршка - Модел за програсивна култура“.За првпат со заеднички напори се работи на реструктурирање во културниот сектор и изнаоѓање на модел за структурна поддршка на независните културни организации во Македонија од страната на Министерството за култура и локалните власти, со што треба да изроди нов автохтон модел за структурна поддршка и подобрување на релацијата независни организации – институции во Македонија.

Работилницата стартува на 13 јануари, 10 часот, со поздравни обраќања на амбасадорката на Холандија, Симоне Филипини и Александар Велиновски од „Јавна соба“.
Во првиот дел ќе бидат прикажани перспективите на: (1) централнaта власт, (2) локалната власт, (3) јавните културни институции и (4) независната културна сцена. Постои вистинска потреба да се направи анализа на работата во целиот сектор и да се постават повисоки цели со што ќе се зголеми задничката ефективност и крајните резултати. Целта на овој дел е да се детектираат вистинските потреби, да се разгледуваат можните начини на поддршка и финансирање кои што би овозможиле поефикасно функционирање на целиот сектор култура како и унапредување на работата преку внесување на нови форми на културна соработка на национално и интернационално ниво.
Во вториот дел ќе се споделат искуствата со колеги од Холандија. Размената на искуства и практики треба да допринесат кон подобрување на работата на организациите во Македонија на национално и на локално ниво. Фокусот во овој дел од работилницата е свртен кон претставување на различни инструменти на финансирање и нивно практично системско спроведување: структурно финансирање, партнерство со јавните институции, соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор.
Втората сесија од работилницата на 14 јануари се состои од изнаоѓање модел којшто ќе може да се имплементира во локалниот контекст, реализиран низ работна сесија на која што ќе присуствуваат претставници од Министерството за култура на Македонија, локалната власт (општините во Македонија) и граѓанскиот сектор. Понатаму, во текот на работниот дел ќе се разгледуваат можните начини за воспоставување на систем на соработка со незавнисниот културен сектор, моделиран така што ќе нуди непречена поддршка за реализација на своите активности врз основа на воспоставен систем на критериуми и транспарентност во одлучувањето.
:::Форум
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture is the reaching out for the truth.Louis Kahn





