Промовирани 30 книги за архитектура

Архитектура - Домашна архитектура

Нови 30 стручни книги од проектот на Владата за превод на учебници кои се користат на универзитетите во САД и во Европа беа промовирани изминатава недела на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Новите изданија се од областа на архитектурата и на градежништвото, а досега на македонски јазик се преведени и објавени вкупно 195 книги од 500, колку што се планирани во првата фаза на капиталниот проект.


Се работи за книгите „Културата на градење“ од Хауард Дејвис и „Средновековната архитектура“ од Чарлс Б. Мек-Клендон и уште 28 прирачници, најголем дел од нив се изданија на Меѓународната федерација на советодавни инженери (ФИДИК). Во преводите се обработени деловното преговарање и договарање во градежништвото, управување со човечките потенцијали во таа дејност, трошоците, консултантските услуги, изработката на договори за градба и проектирање.

- Изданијата на ФИДИК се користени низ светот, како основен стандард при склучување на договорите, неопходни за почеток на градежни проекти. Од денеска, најзначајните изданија на оваа федерација се достапни и во нашата земја на македонски јазик.


Со овој проект, овие врвни дела стануваат лесно достапни во нашите библиотеки, што ќе му овозможи на секој студент да го прошири видикот на знаења, лесно да допре до странската и до врвната литература и да учи од учебниците од кои учат и неговите врсници од најреномираните универзитети во САД, Англија, Франција и во Германија - истакна премиерот на  промоцијата од проектот за превод на 500 стручни книги. Книгите етапно ќе се печатат во оваа и наредната година. Целиот проект и преводот на сите 1.050 книги треба да заврши до 2012 година, а секоја книга отпечатена во илјада примероци.

Архитект.мк
Игор Василевски


Добра мисла

Architecture, of all the arts, is the one which acts the most slowly, but the most surely, on the soul.

Ernest Dimnet


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 56 гости присутни