Виделина за артефактите од Стибера и Зрзе

Архитектура - Домашна архитектура

Мермерни глави, керамички садови од античкиот локалитет Стибера кај Прилеп, разни алати, натпис од пештерските цркви и ранохристијанската базилика кај манастирот Свето Преображение кај село Зрзе се дел од богатството артефакти изложени во витрини на презентацијата на ланската истражувачка и конзерваторска работа на археолозите и другите стручњаци на Заводот за заштита на спомениците и музеј од Прилеп.

glavi_stibera

- Двата капитални проекта, за Зрзе и Стибера, остануваат во фокусот на истражувањата, бидејќи се од круцијално значење за корените на нашата култура. Добивме нови сознанија од антиката во Пелагонија кај Стибера - рече Гордана Данаилоска-Спиркоска, директор на Музејот во Прилеп.

Стибера е значаен археолошки локалитет од крајот на трети век пр.н.е. Во новооткриените градба има делови од објекти од втората половина на 4 век. Со тоа се поместуваат сознанијата дека животот на Стибера замрел во втората половина на 3 век.

Во Зрзе во четвртиот век имало ранохристијанска базилика, а бил пронајден и гроб на анонимен маченик.


- Откриени се 50 монашки ќелии, работилници и други наоди што говорат дека Зрзе бил центар на монаштвото на Балканот, кој досега криеше бесценето богатство. Засводена гробница од четвртиот век на анонимен христијански маченик, повеќе епископски гробови и базилика од 5 век се уште еден доказ за слоевитоста на културата и допирањето до срцевината на христијанството во Македонија - вели Бранко Ристески, раководител на проектот.  Заводот и музеј најавува завршница на проектот за санација на Саат-кулата, проект за санација на Музејот „11 Октомври“ и валоризација на Старата чаршија.


- Двата капитални проекта, за Зрзе и Стибера, остануваат во фокусот на истражувањата, бидејќи се од круцијално значење за корените на нашата култура. Добивме нови сознанија од антиката во Пелагонија кај Стибера - рече Гордана Данаилоска-Спиркоска, директор на Музејот во Прилеп. Стибера е значаен археолошки локалитет од крајот на трети век пр.н.е. Во новооткриените градба има делови од објекти од втората половина на 4 век. Со тоа се поместуваат сознанијата дека животот на Стибера замрел во втората половина на 3 век.  Во Зрзе во четвртиот век имало ранохристијанска базилика, а бил пронајден и гроб на анонимен маченик.


- Откриени се 50 монашки ќелии, работилници и други наоди што говорат дека Зрзе бил центар на монаштвото на Балканот, кој досега криеше бесценето богатство. Засводена гробница од четвртиот век на анонимен христијански маченик, повеќе епископски гробови и базилика од 5 век се уште еден доказ за слоевитоста на културата и допирањето до срцевината на христијанството во Македонија - вели Бранко Ристески, раководител на проектот.


Заводот и музеј најавува завршница на проектот за санација на Саат-кулата, проект за санација на Музејот „11 Октомври“ и валоризација на Старата чаршија. Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, соопшти дека локалитетите се ставени на туристичката мапа на градот и ќе вложува во различни форми за афирмација на културното наследство на Прилеп.




Архитект.мк
Игор Василевски

Добра мисла

Architecture doesn't come from theory. You don't think your way through a building.

Arthur Erickson


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 55 гости присутни