Охридското културно наследство во рацете на Париз

Архитектура - Домашна архитектура

Конечната верзија на Планот за управување со природното и културното наследство на охридскиот регион е доставена до Комитетот за светско наследство во Париз, по чие усвојување Охрид ќе добие конкретен и соодветен третман на координирано управување од сите институции задолжени за неговата заштита. Ова е една од последните активности на Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство, која министерката за култура Елизабета Канчева-Милевска ја оценува како исклучително значајна особено што, како што истакнува таа, охридскиот регион подолг период се соочува со проблеми во неговото управување.


- И во јавноста се познати појавите на нарушување или невнесување на одредбите на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на светското културно и природно наследство. Долгогодишната потреба од подготовка на план за управување е резултат и на обврските кои произлегуваат од УНЕСКО за Македонија како земја-потписничка на оваа конвенција - вели Канчева-Милевска.



Планот за управување со природното и културното наследство на охридскиот регион е изработен во последниве шест месеци од претставници на Управата за заштита на културното наследство, Министерството за култура и Заводот и музеј-Охрид. При негова подготовка искористени се искуствата на другите земји и препораките од експерти на УНЕСКО. Истовремено се работело и на подготовка на Закон за управување со природното и културното наследство на охридскиот регион, каков што досега сме немале. Законот е доставен до Владата на усвојување. За годинава е предвидено и подготвување на закон за прогласување на старото градско јадро на Охрид за споменична целина од особено значење.




::: Нова Македонија

ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

I could have been an architect, but I don't think I'd have been very happy. Nearly all modern architecture is a silly game as far as I can see.

Roger Waters


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 91 гости присутни