Архитектура - Домашна архитектура
Министерот за правда, Михајло Маневски, го претстави проектот за најавениот објект на Кривичниот суд. За новата зграда е добиено решение за локациски услови и одобрение за градба, а во тек е тендер за избор на изведувач. На 8.862 метри квадратни корисна површина меѓудругото ќе има 74 судски кабинети, 22 средни судници, како и 2 големи репрезентативни судници, за 200 и за 100 лица. На приземјето ќе се наоѓа шалтерска сала за 60 вработени и спомен просторија, а во подрумот на две нивоа ќе има паркинг простор за 60 возила. Предвидени се три одвоени и независни комуникациски нивоа за јавноста, вработените и приведените лица.
Објектот кој е зацртан со „ДУП Судска палата 2“ ќе никне во постојниот судски комплекс, веднаш до зградите на Врховниот суд, Апелациониот суд и Основниот суд Скопје 1, на празниот простор зад Архивот на Македонија. Рокот за изградба е 18 месеци, а во јануари беше соопштено дека градежните работи ќе почнат во март.
::: build.mk
| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I call architecture frozen music.Johann Wolfgang von Goethe





