Архитектура - Домашна архитектура
Стаклото е по дефиниција релативно цврст, инертен, проѕирен и биолошки неактивен материјал и како таков има широка употреба во денешно време. Во ентериерот се користи за најразлични намени. Може да се користи како облога, конструкција, преграда, ѕид за изработка на деталот.Стаклото се применува за изработка на мебел, ограда, скали, под плафон и др. Стаклото е атрактивен елемент и инспирација на многу дизајнери. Со години е присутен во ентериерите и скоро не излегува од мода.
Незаобиколен елемент е кај модерните ентериери како во становите, така и во работните простории. Со својата транспарентност и едноставност, не се оптеретува просторот и пропушта светлина која е идеална за мали станови и простории. Дрвените полици сами по себе заземаат доста простор, а кога на тоа ќе се додадат книгите, фигурите и останатите детали, поголемиот дел од ѕидот ќе биде исполнет. Стаклените полици даваат акцент на она што се наоѓа на нив, бидејќи се во втор план, а служат за потребата на кои се наменети.
Елементи од стакло во ентериерот можат да се употребуваат во сите простории на станот. Така во кујната може да се користи на место керамичките плочи на ѕидот, над работната плоча. Доволно е да се обои ѕидот во некоја боја или да се залепи тапет, и со силиконот да се прицврсти стаклото за ѕидот. Идеално за мала трпезарија или во склоп на кујната се поставува стаклен стол.
Во тој случај столот нема додатно да се затвори и да го преоптерети просторот. Ефектот на флуидноста во просторот додатно можат да ја зголемат и стаклените столови. Ако имате работно ќоше во склоп на дневната соба идеално решение е стаклен стол за компјутер.
Во спалната можете да ставите стаклени ноќни столчиња кои ќе бидат неутрални елементи со креветот и како такви ќе одговараат на најразлични модели на креветот. Исто така во спалната соба може да се постави стаклен стол за шминкање од помали димензии
Во последните години, тренд се употреба на стаклени врати како дел од гардероберот во спалната соба. Ако сакате вашата гардероба покрај вградениот ормар да стане детал, одлучите се за посмело решение во вид на стаклен фронт.
Во купатилото, на транспарентната стаклена преграда на туш кабината визуелно го зголемува просторот. Посебен детал во купатилото може да биде и стаклениот мијалник.Идеално за мали станови или простори каде што има природно светло се преградите од стакло меѓу просторијата или внатрешноста на некоја просторија. Употреба на стаклени прегради во работните простории е решение кое се почесто се гледа, но стаклените прегради во станот можат да ја зголемат естетската вредност на станот. Во тој случај преградата е со дебелина од 8-10 мм сигурносно стакло за да ги издржи ударите.
Слично решение можат да даде и стаклената врата. Нов и секако иновативен елемент на полето на греење е стаклениот радијатор. Покрај својата намена овој радијатор изгледа елегантно и ненаметливо во просторот.
Архитект.мк
Игор Василевски
| < Пред | Следно > |
|---|
Поврзани статии
- 100.000 м2 за Скопје
- 47 Години од катастофалниот земјотрес во Скопје (26.07.1963 - 26.07.2010 )
- AAM - Јавен повик за доделување на голема годишна награда за 2010 година
- CNN - Македонска заборавена скапоценост (видео)
- Јавен повик за учество на БИМАС 2010 - Асоцијација на архитекти на Македонија - ААМ
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Every time a student walks past a really urgent, expressive piece of architecture that belongs to his college, it can help reassure him that he does have that mind, does have that soul.Louis Kahn






