Архитектура - Домашна архитектура
Светлоста е еден од најзначајните елементи за дефинирање на просторните односи. Изворот на светлоста, сенката, бојата, аголот и јачината на распространетост, се некои од елементите кој го карактеризираат одредениот начин на дефинирање на комотноста во просторот.Зависно од тоа просторот ќе биде интимен, нагласен, темпераментен, романтичен, свечен, раскошен итн. Со примена на различните врсти на светло, можно е да се остварат сите набројани, комотности и на тој начин, на истиот простор да се доделат различни особини.
Ова е посебно интересно за сите оние кои имаат потреба за чести промени на внатрешниот простор, бидејќи со играта, ефектот што го нуди светлото, ке се постигне на економичен и едноставен начин. Наместо измена на мебелот, просторот обогатете го со нови светлосни тела, кои ќе бидат декорација во тек на денот, а моќно ќе го дефинираат просторот во ноќните часови.
Со бојата на светлоста може да се надомести саканата боја на ѕидот. Белиот ѕид во вечерните часови има нов колорит, а просторот ќе завземе сосема поинаков карактер. Варијациите на ова тема се разноврсни, како и ефектите кои што може да се постигнат.
Освен примената на осветлени тела како столни и стоечки ламби кои се мобилни во просторот, интересни решенија може да се постигнат со зглобни рефлектори, со регулирање на јачината на аголот. На овој начин можете со светлоста да ги нагласите важните елементи во просторот како уметничките слики и скулптури.
Создавање нагласок во ентериерот со појачани светлосни ефекти, е одличен начин за креирање на различни угодности.Светлоста како декоративен и функционален елемент на просторот може во потполност да биде интегриран во вертикалната ѕидна, или хоризонтална подна плоха. Ова се особено ефектни решенија, чие изразување се појачува со плохите на боите во кои се вградени.
Белата светлост која се распрснува од обоената подлога создава динамична комфортност а од белата елегантна и свечена.Едноставна а во крајното доживување со егзибиционистички решенија се постигнува индиректно светло, кое може да биде вградено или во долж на цел доминантен ѕид во просторот.
Посебен ефект создава градењето на матно стакло или плексиглас, кој пропушта индиректно светло насочено нагоре или надоле, па така целиот ѕид или одреден сегмент станува светлечка плоха во просторот. Играта со светло продолжува со примената на светлото во одредени бои, кое го регулирате според вашите желби. Исклучителните светлосни ефекти се постигнуваат со примена на ЛЕД светилки , осветлување кое не е ограничено во својата намена.
Интегрираното осветлување треба да е пропратено во базата, основата која е најчесто централна - од функционални причини, но во моментите на релаксација, уживајте исклучиво во декоративната и амбиенталната диспозиција, која постои само од една причина- да го потенцира просторот како амбиент со квалитетно доживување.
Архитект.мк
Игор Василевски
| < Пред | Следно > |
|---|
Поврзани статии
- 100.000 м2 за Скопје
- 47 Години од катастофалниот земјотрес во Скопје (26.07.1963 - 26.07.2010 )
- AAM - Јавен повик за доделување на голема годишна награда за 2010 година
- CNN - Македонска заборавена скапоценост (видео)
- Јавен повик за учество на БИМАС 2010 - Асоцијација на архитекти на Македонија - ААМ
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I love building spaces: architecture, furniture, all of it, probably more than fashion. The development procedure is more tactile. It's about space and form and it's something you can share with other people.Donna Karan





