Архитектура - Домашна архитектура
Не знам колкумина од вас биле да го посетат аквадуктот во Скопје,ние скоро го посетивме па опфатени од културо-социолошката сага што тлее над овој прекрасен објект кој монолитно демне како неоткриено културно наследство имавме желба да споделиме неколку фотографии и подотаци што ги најдовме.Имаме но не се грижиме.Факт.Во продолжение и некое инфо што најдовме за него.
Според едни, граден е во VI век за време на владеењето на Јустинијан за снабдување со вода на новиот град Јустинијана Прима, а според други во XV век, за време на владеењето на Иса-бег и Мустафа-паша.
Во 1669 година патописецот д-р Браун запишал дека "аквадуктот е прекрасен стар објект, кој на ова место му носи голема почит".
Историчарите го цитирале и познатиот хроничар на владеењето на Јустинијан Прокопиј, според кого водоводот бил подигнат во периодот од 527 до 565 година.
Се верува и дека поради сличноста со техниката на градење на аквадуктот со Куршумли-ан во Скопје, тој не потекнува од византискиот период, туку бил граден во XV век.
Бројот на неговите лаци: според некои тврдења нивниот број бил 200, па 60, а бројот од 55 лака е забележан и во Енциклопедијата на ликовните уметности објавена во Загреб во 1960 година.
Преку аквадуктот била спроведувана вода од изворот Лавовец во селото Глуво на Скопска Црна Гора, до "топџиската касарна", Мустафа-пашината џамија, до некогашниот турски уќумат, Куршумли -ан и Сија-беговата џамија.
Според едни истражувачи тоа е римска а според други Византиска градба. Според овие мислења тој бил поврзан со градот Скупи и овозможувал да биде доведена вода од Скопска Црна Гора.
Најимпресивната работа кај аквадуктите е всушност прецизното инженерство. Нивните градиенти биле многу мали и на 1км се спуштале само неколку десетици сантиметри. Како тоа го изведувале толку прецизно во тоа време за нас во најмала рака е навистина фасцинантно.
Сега со голема сигурност може да се тврди дека тој бил изграден во период на ропството под османлиите во 16 век, кога во Скопје се започнува со интензивно градење на амами и џамии, за чија градба и функционирање се потребни големи количества чиста вода.Водата била преку аквадуктот дотурана од каптирани извори во Скопска Црна Гора.Мустафа-паша, градителот на една од најубавите џамии во Скопје, изградена во 1492 година, изградил и водовод.
Податоците за создавањето на водоводот ги наоѓаме во вакафнамето на задужбината на Мустафа-паша датирано со 26.11.1514 година.
55 свода кои се потпираат на масивни столбови со квадратна основа
42 отвори за олеснување на ѕидната маса
386 метри вкупната должина
Со примената на градежниот материјал со различен тоналитет постигната е извонредна живописност на објектот.
Архитект.мк
Игор Василевски
| < Пред |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Convinced as I am and as I am from my government that the world needs a new moral architecture over all I believe that this should be the first topic to debate in our world of today, ethics, moral.Hugo Chavez





