На античкиот локалитет Хераклеја Линкестис започнаа годинашните нови систематски ископувања, како продолжение на минатогодишните активности.
„Целта годинава е да ги доистражиме местата што ги започнавме лани. Ќе се движиме во оградениот дел на Хераклеја и на она што најмногу ќе ставиме акцент е инфраструктурното уредување на локалитетот и на изготвување проекти од областа на конзервацијата. Посебно внимание лани привлече јужниот бедем, што ќе се истражува и понатаму, и новата базилика, со што се зголеми и бројот на базиликите во локалитетот. Потоа, откривме голем број станбени објекти, како и еден голем објект за кој претпоставуваме дека е гимназион, што треба да се допрецизира допрва“- вели Аница Ѓеоргиевска, кустос во Завод и музеј - Битола.
Засега ископувањата на локалитетот Хераклеја крај Битола се движат само во оградениот дел, иако лани беа опфатени и површини надвор од оградата кон запад. Локалитетот се простира на површина од околу 4 хектари од кои 1.300 квадратни метри се мозаични површини.
Архитектура - Домашна архитектура

| < Пред | Следно > |
|---|
Поврзани статии
- 100.000 м2 за Скопје
- 47 Години од катастофалниот земјотрес во Скопје (26.07.1963 - 26.07.2010 )
- AAM - Јавен повик за доделување на голема годишна награда за 2010 година
- CNN - Македонска заборавена скапоценост (видео)
- Јавен повик за учество на БИМАС 2010 - Асоцијација на архитекти на Македонија - ААМ
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I take a lot from everywhere. I take from music, architecture, novels, and plays. Anywhere that hits you.Alex Winter