Цареви кули - Пронајдени стари амфорети кај Струмица

Архитектура - Домашна архитектура

На локалитетот Цареви кули кај Струмица, што ги спроведува Регионалниот завод за заштита на спомениците на културата и Музеј, пронајдени се ретки луксузни стаклени садови, меѓу кои и две мали амфорети од стакло, кои како и другите садови потекнуваат од крајот на третиот и почетокот на четвртиот век од нашата ера. Слични примероци кај нас се откриени пред три и пол денеции единствено во селото Желино кај Скопје и во некои соседни земји.


- Се работи за едно погребување во кое беа пронајдени многу садови од стакло, пред се различни видови пехари, амфорети, самариум и други луксузни наоди, меѓу кои и секундарно поставена монета на тетрадрахма на Атена од новиот стил. Другите осум монети потекнуваат од крајот на третиот и почетокот на четвртиот век. Првпат во Македонија, на Цареви кули е откриен еден интересен праисториски хоризонт од бронзеното време, кој егзистирал меѓу 1.800 и 1450 година пред нашата ера и во кој се појавија многу интересни наоди, пред се садови, а еден од нив е во барокен стил, изјави за МИА Зоран Рујак, раководител на археолошките истражувања на Цареви кули.


Според Рујак, овие наоди претставуваат најнови материјални докази во контекстот дека на овие простори постоела култура стара околу седум илјади години и уште повеќе ги зацрвстија мислењата на археолозите дека локалитетот Цареви кули бил еден од позначајните праисториските, антички и средновековни центри на тлото на Македонија.



ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

I don't divide architecture, landscape and gardening; to me they are one.

Luis Barragan


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 90 гости присутни