„Мустафапашината џамија“ ќе ги отвори портите

Архитектура - Домашна архитектура

Конзервацијата на еден од капиталните споменици на културата во Скопје Мустафапашината џамија е во полн ек и месецов се очекува отворање на нејзините порти и за верниците. По санацијата на главната купола, темелите, минарето и комплетната реконструкција на шадрванот, деновиве интензивно се работи на ѕидната декорација во храмот. Реализацијата на конзерваторските зафати ја води турската владина агенција „Тика“, под надзор на Националниот конзерваторски центар. Целиот проект чини околу 1 милион евра.

dzamija

Во џамијата досега се зачувани два слоја автентична декорација - едниот потекнува од 15 век, а другиот од крајот на 18 и почетокот на 19 век.Имено, дел од сочуваната декорација се конзервира, а дел од ѕидовите одново се декорираат. Инаку, ѕидната декорација на оваа џамија е најдобар пример за османлискиот стил, т.н. „кундеќари стил“, кој се одликува со испреплетени геометриски и растителни фигури во син, црвен и тиркизен колорит - нешто што е многу специфично за османлиското ѕидно сликарство од 15 век.

„Мустафапашината џамија“, која е изградена во 1492 година, сериозно беше оштетена со земјотресот во 1963 година - ѕидовите беа напукнати, а имаше и оштетувања на куполата. Иако куполата непосредно по земјотресот беше конзервирана, џамијата имаше сериозни проблеми со прокиснување.

По потпишувањето на меморандумот за соработка меѓу Националниот конзерваторски центар и турската владина агенција „Тика“, во 2006 година почнаа првите пософистицирани конзерваторски зафати во соработка со експерти од универзитетот Гази во Анкара. Беше санирана и зацврстена главната купола, од која е отстранет бетонскиот слој од претходните санации.

Со последната конзервација куполата е комплетно обновена со оловен лим, а направени се и реконструкции на минарето кое беше сосема урнато и одново изградено врз основа на оригиналниот изглед. Темелно е реконструиран и шадрванот од 15 век во дворот на џамијата. Паралелно со овие работи направен е и еден радикален зафат на зацврстување на темелите, единствен од овој вид во Македонија, во соработка со Институтот за земјотресно инженерство ИЗИС. Мустафапашината џамија е градена во 1492 година во т.н. раноцариградски стил. Главната купола на џамијата е една од најголемите куполи на Балканот - нејзиниот пречник изнесува 22 метри.

ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

I would have liked maybe to be in architecture or painting, something connected to the fine arts.

Catherine Deneuve


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 82 гости присутни