Обуката се реализира во соработка со Општина Новаци, со цел учесниците, студенти од Факултетот за архитектура од Скопје, како и граѓани од оваа, но и од општините Маврово-Ростуше и Берово, кои имаат во сопственост стари традиционални куќи, да се стекнат со знаења и вештини за градба и реновирање стари објекти со исклучителна употреба на природни материјали и еколошки техники на работа.Но, и да го пренесат стекнатото знаење во натамошните слични активности во рамките на проектот што ќе трае до 2013.
Обучувач е Тефик Тефиковски, експерт за градба и реставрација на традиционални објекти, а презентацијата на плановите за реставрација на старите традиционални објекти во наведените општини ќе се одржи на 14 август од 11 до 12,30 часот, во просториите на Општина Новаци. Практичната обука се организира во рамките на Проектот за децентрализирана соработка меѓу Македонија и Регионалниот совет на Долна Нормандија (Basse -Normandie Region Council) од Франција, имплементиран од ЦИР.
Реставрацијата на традиционалните објекти се планира да започне веќе од наредната година.
Архитектура - Домашна архитектура
Во с. Старавина во општината Новаци, ќе се одржува практична обука под наслов „Реставрација на стари традиционални објекти со употреба на природни материјали“, организирана од Центарот за институционален развој – ЦИР од Скопје и регионот на Долна Нормандија, Франција.Обуката се реализира во соработка со Општина Новаци, со цел учесниците, студенти од Факултетот за архитектура од Скопје, како и граѓани од оваа, но и од општините Маврово-Ростуше и Берово, кои имаат во сопственост стари традиционални куќи, да се стекнат со знаења и вештини за градба и реновирање стари објекти со исклучителна употреба на природни материјали и еколошки техники на работа.Но, и да го пренесат стекнатото знаење во натамошните слични активности во рамките на проектот што ќе трае до 2013.
Обучувач е Тефик Тефиковски, експерт за градба и реставрација на традиционални објекти, а презентацијата на плановите за реставрација на старите традиционални објекти во наведените општини ќе се одржи на 14 август од 11 до 12,30 часот, во просториите на Општина Новаци. Практичната обука се организира во рамките на Проектот за децентрализирана соработка меѓу Македонија и Регионалниот совет на Долна Нормандија (Basse -Normandie Region Council) од Франција, имплементиран од ЦИР.
Реставрацијата на традиционалните објекти се планира да започне веќе од наредната година.
| < Пред | Следно > |
|---|
Поврзани статии
- 100.000 м2 за Скопје
- 47 Години од катастофалниот земјотрес во Скопје (26.07.1963 - 26.07.2010 )
- AAM - Јавен повик за доделување на голема годишна награда за 2010 година
- CNN - Македонска заборавена скапоценост (видео)
- Јавен повик за учество на БИМАС 2010 - Асоцијација на архитекти на Македонија - ААМ
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture aims at Eternity.Christopher Wren





