Хераклеа Линкестис - Воодушевување на младите археолози од светот

Архитектура - Домашна архитектура

Хераклеа Линкестис – античкиот град во Битола, трета година по ред е составен дел од меѓународната летна школа за археологија во организација на фондацијата за Балканско наследство, Младинскиот културен центар Битола и Завод и Музеј Битола. Младите учесници, во арехологијата ги обучуваат исклучиво стручни лица, кои покрај работата на теренот, ги запознаваат со римската архитектура, нумизматиката, изработка на мозаици, документација на керамика.

1

Жешкото сонце воопшто не им пречи на младите археолози. Не штедејќи се, тие упорно и стрпливо работат на наоѓалиштето Хераклеа. Јан Грам од САД, првпат доаѓа не само во Македонија, туку и во овај дел на Европа: „Пејсажите се навистина многу, многу убави. Црквите, сите работи... тоа се нешта што никогаш досега не сум ги видел. Ова е навистина прекрасна земја.“И неговата сонародничка Олферс Ал е импресионирана од убавината на природата. „Ова е мое прво доаѓање во Македонија и многу сум импресионирана од природната убавина на земјата. Таа е неверојатна и многу убава земја, исто како и луѓето кои живеат во неа.“ Таа не крие дека сака да научи повеќе за културата и историјата на Македонија.

Џонатан Моле студент на римска и ранословенска архитектура, кој доаѓа од Отава во Канада не ги крие впечатоците: „Јас сум многу импресиониран од ова место, ми се допаѓа атмосферата и посебно народот овде. Народот е многу пријатен и поопуштен.“Оливие Лероа студент на Кралскиот колеџ во Лондон исто така првпат доаѓа во Македонија. Тој целосно е изненаден од она што го виде и доживеа во Македонија.

Оливие Лероа студент на Кралскиот колеџ во Лондон исто така првпат доаѓа во Македонија. Тој целосно е изненаден од она што го виде и доживеа во Македонија.Навистина се стекнав со многу убав впечаток, бидејќиза мене ова беше прилика да добијам посебно искуство. Во Лондон мнозинството од моите пријатели се Грци и впечатокот ми беше погрешен. Навистина бев пријатно изненаден од земјата, ова е една земја која е многу побогата и покултивирана од она што го замислував. Пејсажите овде се фанатастични, имавме можност да го посетиме и Охрид град заштитетен од УНЕСКО.“

„Ова е земја која е во целост различна од Франција, луѓето се многу поопуштени и излегуваат почесто,“ додава Кантан.„Македонија воопшто не ја познавав пред да дојдам тука и немав никакво мислење за земјата. Многу  ми се допадна, овде е различно од она што го познаваме и по малку ми е срам да кажам дека таа е многу блиску до Франција и ние воопшто не ја познаваме. Од друга страна луѓето овде се многу гостопримливи,“ се надоврзува Грегуар кој има желба повторно да се врати.

2

Иван Василев извршен директор на фондацијата за Балканско наследство, потврдува дека учесниците кои доаѓаат од сите страни на светот многу малку знаат за Македонија и воопшто за Балканот. „Целта е, од една страна, да се привлечат повеќе меѓународни доброволци во рамките на нашите проекти и да помогнат во изучувањето и зачувувањето на различни објекти. Од друга страна со ова се популаризира балканското културно наследство и на крај се поттикнува развојот на локалниот туризам и добрите практики како и квалитетот на научните проекти.“

3

Археологот и еден од раководителите на проектот во Хераклеа, Енгин Насух кој на учесниците меѓу другото им демонстрира како се прави мозаик, не го крие задоволството: „Не радува што секоја година има се’ повеќе и повеќе интересирање, значи се’ повеќе и повеќе активни учесници во овој проект. Учесниците колку што можам да видам се извонредно задоволни. Локалитетот Хераклеа е археолошки терен, кој дава извонредно добри резултати. Тоа е многу важно кога тие групи ќе дојдат овде да работат да има наоди. Така одовде си заминуваат со една комплетна обука, а нивното задоволство и успешноста на овој проект се гледа и во тоа што некои учесници трета година доаѓаат и се пријавуваат, дури и за две сесии, што сметаме дека ова е навистина успешно“.

4

И неговата колешка, археологот и кораководител на проектот, Аница Ѓоргиевска го дели истото мислење: „Успеваме на студентите кои се студенти на археологија или на оние што се љубители на археологија да им ја доловиме македонската археологија. Искрено кажано доаѓаат со мали или никакви познавања за Македонија, меѓутоа се враќаат со голема љубов кон Македонија. Воопшто, ако не слушнале за Македонија, сега си одат со многу големи импресии за Македонија и не очекуваат, една вака мала земја да има толку богато и големо културно наследство.“

206

 

Димитар Георгиевски кој се грижи за работата на теренот е и првата врска на младите странци со нивните врсници од Македонија: „Битола, воопшто земено ним им е интересен град. Тие ја доживуваат Македонија добро. Настрана од теренот тие се многу задоволни од ноќниот живот во Битола и воопшто од целиот начин на живеење тука. Ја доживуваат Македонија европски.“







 

Тони Гламчевски

Игор Василевски
Архитект.мк

ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

I was a student at Columbia College, actually, in the Architecture school. Paul would drive in from Queens, showing me these new songs. I can't remember us working it out.

Art Garfunkel


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 44 гости присутни