Започна изградбата на трговскиот центар „Skopje City Mall“

Архитектура - Домашна архитектура



Вчера започна изградбата на „Skopje City Mall“, трговски центар во Карпош 4, македонско-албанска инвестиција тешка 80 милиони евра поддржана од Европската банка за поддршка и развој. Објектот ќе се гради на површина од 90.000 квадратни, на приземје и два ката и се очекува да биде изграден за најмногу две години. Според најавите на инвеститорите, „Фешн груп“ од Македонија и „Балфин груп“ од Албанија, во „Скопје сити мол“ ќе има околу 150 продавници и, освен бутици со ексклузивни брендови, ќе има марки достапни за нашиот стандард, во центарот ќе има и кафетерии, место за забава, содржини за деца и катчиња како во сите светски шопинг-молови. Паркирањето ќе биде решено странично и подземно, со капацитет од 1.300 места. Објектот ќе се гради според проект на американска архитектонска компанија, која има искуство во изградба на вакви објекти низ светот, од кои педесетина само во Европа.

„Објектот ќе биде симбол на благосостојба и нов белег на градот и земјата во целина. Веруваме дека оваа инвестиција вредна 80 милиони евра ќе создаде ново единствено шопинг-искуство, ќе го подобри социјалниот, културниот и економскиот живот на нашите граѓани и ќе го донесе градот Скопје во новата ера на современиот и урбан живот. „Skopje City Mall“ не само што ќе внесе дополнителна виталност на градот туку и ќе овозможи околу 1.000 работни места во текот на изградбата со користење, главно, македонски градежни компании.

Исто така, по завршувањето со изградбата, која е предвидена да трае две години, ќе се создадат околу 2.000 нови постојани работни места“, истакна вчера на официјализирањето на изградбата на шопинг-молот, Питер Варден, главен извршен директор на „Балфин МК“, кој се надева дека оваа инвестиција ќе го зголеми економскиот развој на државата, а истовремено таа ќе стане пример и за домашните и за странските инвеститори. Инаку, во овој реон, важечкиот урбанистички план, освен изградба на ТЦ, овозможува и изградба на хотел, градинка, пазар, пензионерски дом, пошта и црква, за која има маркичка токму во непосредна близина на еден од главните влезови на трговскиот центар.















Деспина Трајковска

Добра мисла

If you examine this, I think that you will find that it's the mechanics of Japanese architecture that have been thought of as the direct influence upon our architecture.

Minoru Yamasaki


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 47 гости присутни