Архитектура - Ентериери и дизајн
Една статија како вовед во содржините на последниот број на Порта3:
Реинтерпретација на медитеранскиот дом
Кога ќе се спомене Сицилија, прво што ви паѓа на памет е вулканот Етна и, се разбира, мафијата што стана синоним за овој единствен остров со бројни контрадикции и занимливости. Но, заборавете ја мафијата и презимето Корлеоне, погледајте ја трилогијата „Кум“ на мира, дома, а на Сицилија дојдете да се одморите, затоа што таа е прав мал рај на земјата! На Сицилија се наоѓа провинцијата Рагуза, сместена во југоисточниот дел од островот и е една од деветте автономни региони.
Сепак, можеби за среќа, кај некои од новоизградените објекти, како кај Вилата Т на Архитренд Архитекчр, делумно е зачувана драгоцената идеја за „ изолација“, така што целиот архитектонски дизајн на објектот доаѓа во директна врска со пејсажот и со отвореноста кон него. Проектната програма со која се соочиле архитектите била да направат голема семејна куќа, за едно семејство, сместена во средината на една голема ливада, ограничена само со линеарниот хоризонт на висорамнината.
Белите фасади, свртени кон југ и обложени со камен, се обиколени со складен антипод на северната и западната фасада, и комплетно се застаклени и отворени кон зеленилото. Дневната соба се протега на два ката, на приземјето и на катот, на кој е сместена галерија кон која водат еднокраки отворени скали од приземјето.
Во приземјето се наоѓа голема дневна соба кон која се приклучени трпезаријата и кујната. Светлиот и отворен простор на трпезаријата е нагласен со двојната висина на објектот и е покриен со кос бетонски покрив. Родителската спална соба со своја бања и гардероба се наоѓа зад дневната соба, додека детската спална соба, исто така со своја бања, се наоѓа веднаш до кујната. Во редослед со дневната, трпезаријата и кујната се групирани два надворешни простори; на една страна наткриениот трем, а од друга страна, свртена кон дневната соба, се наоѓа приземната тераса. Од неа преку скали се доаѓа во вдлабнатата градина кон која се свртени просториите што се наоѓаат во подрумскиот дел.
Тука е направена уште една дневна соба со кујна и трпезарија, која се користи и како просторија за организирање забави, родендени и други средби на семејството, како и спална соба и гаража за леки коли. Зад кујната и трпезаријата на приземјето, поврзан со полна висина на стаклото, се наоѓа надворешниот трем отворен кон околните тревници, кој наликува на соба без ѕидови. Белите ѕидови направени од камен и штуко малтер се изведени со јак и нагласен геометриски дизајн, додека закосениот кров ѝ дава динамика на куќата и ја нагласува нејзината врска со медитеранскиот стил и врската со локалната историја. Сето ова е направено без копирање, однапред подготвено за експериментирање со можностите што ги нудат современите материјали. Куќата со површина од 310 кадратни метри е проектирана од архитектите од бирото Аrhitrend Architecture, во периодот од 2005 до 2007 година.
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I love a lot of things, and I'm pretty much obsessive about most things I do, whether it be gardening, or architecture, or music. I'd be an obsessive hairdresser.Gates McFadden





