Австралиското студио Durbach Block Architects на тесна и помалку заоблена локација од речиси 200м2, на улицата Рослин во Потс Поинт, Сиднеј, постави објект кој неагресивно и успешно комуницира со околината. Локацијата и тесниот заоблен фронт претпоставуваат пренагласување на перспективата и висината. Објектот е во корелација со соседните објекти. Дебелите, масивни ѕидови, малите прозори и завршниот венец на објектот се елементи карактеристични за оваа четврт.
Архитектите овие елементи ги преработиле на тој начин што завршниот кат го свивле, добивајќи венец кој надвиснува над улицата, а редовите на прозорци ги поставиле помалку нееднакво и поместено. Карактеристична е и површината на фасадата од мозаични парчиња плочки, матни и сјајни, во бела боја и боја на бисквит, која ја рефлектира и рефрактира околината.
Четирикатната зграда сместува ресторан на приземјето, бар на првиот спрат и комерцијални единици на последните два ката. Завршниот кат е делумно отворен со триаголна кровна градина окружена со заоблени ѕидови и отвори обрабени со челичен лим, следејќи го примерот на прозорците од подолните катови. Ентериерот на ресторанот максимално ја употребува геометријата на просторот во корист на серивисите кои ги нуди. Палетата од натур дрво и бетон, и мебелот во бела боја, му даваат на ресторанот смиреност наспроти интензитетот на неговата урбана средина.
Архитектура - Ентериери и дизајн

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture is the learned game, correct and magnificent, of forms assembled in the light.Le Corbusier