Архитектура - Ентериери и дизајн
Оваа фино изработена „дрвена кутија“ стара 10 години е сместена во една притаена њујоршка стара зграда. Авторот на овој проект, архитектот Sebastian Marsical , авениите ги дефинирал уште во почетните намери на овој дизајн и тоа со истражување и контрадикторност.
Посетителот влегува во голема рустична дрвена кутија и станува изолиран од буката и гужвата на овој дел од Менхетен. Го дочекува голем пријавен пулт од масивен изгланцан камен, кој дава само привид на крајот од просторијата, и со тоа допринесува ограничениот поглед да го засили тежнеењето кон понатамошното истражување на просторот. Во следната просторија, светлото дава изглед на внатрешната дрвена обработка на ѕидовите.
Потоа се доаѓа на масивен шанк од бел мермер, кој е соединет со растресен бетон на кој е поставен. Барот исто така ја дефинира границата на долгиот коридор, кој се простира се до последниот дел од ресторанот, кој е сместен на дното на скалите. Во оваа последна низа на простории, светлата се пригушени и дава пријатна и поинтимна атмосфера за ручек.
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Every one who has a heart, however ignorant of architecture he may be, feels the transcendent beauty and poetry of the mediaeval churches.Goldwin Smith





