EFA's box на Zweidrei по принципот на „соба во соба“

Архитектура - Ентериери и дизајн



Најновиот проект на германското архитектонско студио Zweidrei е "EFA's box" - продавницата за смрзнат јогурт во Берлин, Германија. Брендот неодамна премина од производство на сладолед во производство и продажба на смрзнат јогурт, па целта и на редизајнот на ентериерот беше да одговори на новата, свежа и современа естетика на EFA. Често доминантно класичниот архитектонски израз на еден објект е кршен со модерни и експресивни елементи.


Така и во дефиницијата на овој простор водечки нишки беа токму овие дихотомии - класичното и модерното, минатото и иднината, а одговорот на проблемот на нивото соочување и поврзување, беше пронајден во користењето на различни стилови.


Функциите на седењето, продажбата и производството се сместени во една кутија, архитектонски радикално различна во однос на неутралната и минимална структура на околината. Фрагментиратана кутија, исечена и поставена во постоечката продавница, делува како силно спротивставување на постоечките простор.


Нејзината надворешна конструкција е изложена и видлива претворајќи ја кутијата во кулиса. Присвојувајќи игрива интерпретација на просторот, декорацијата и орнаментот, продавницата изгледа истовремено иронична и концептуална.


Компактната содржина на функциите му дозволува на идеологијата и естетиката на брендот да биде лесно произведена и транспортирана. Со клучните вредности и производи сместени во кутијата, ваквата идеја за соба во соба станува економичен метод на ширење на брендот.



Добра мисла

All architecture is great architecture after sunset; perhaps architecture is really a nocturnal art, like the art of fireworks.

Gilbert K. Chesterton


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 44 гости присутни