Chateau d’eau - Пренамена на кулата за вода на Bham Design Studio

Архитектура - Ентериери и дизајн



На малата локација од 16 х 20 м, во еден рамен, благ белгиски предел, се издига 30 метарска висока кула за вода изградена помеѓу 1938-41 година близу селото Steenokkerzeel, Белгија. Во Втората светска војна, нацистите ја користеле како стражарска кула, а во употреба како водо-кула била до почетокот на деведесеттите.


Во 2004-та кулата е прогласена за објект од национална вредност и заштитена со закон. Надворешноста на кулата беше реновиран назад до нејзината првобитна состојба. Во 2007-ма година започнаа работите за комплетно реновирање и пренамена во еднофамилијарен станбен објект.


Програмата на новите содржини се однесуваше на два посебни профили на корисници. Главниот и приватен кориснит е клиентот, пар кој секојдневно ќе живее во кулата. Еднаш до два пати месечно, дел од кулата ќе биде изнајмуван за ексклузивни настани, за работнилници пред се’ за компании од високи профили кои бараат уникатни места за дочек на своите клиенти блиску до аеродромот. За таа цел секоја соба е опремена со најнова техонологија, куќна автоматика и можност за инсталирање на проектори практично било каде на последниот кат.


Сочувувањето на постоечките бетонски елемнти како што се главниот водоводен канал, бетонските плафони, бетонските скали и 250.000 литри големиот бетонски базен за вода беа клучни во заштита на силниот идентитет на објектот. Секој видлив бетонски елемент внатре беше обоен во темна сива боја со цел да се одвои старото од новото, а истовремено да се даде контраст и да се нагласат двата елементи.



Приземјето и првиот кат се влез, гаражи и технички и помошни простории. На вториот кат е сместена гостинска соба и канцеларија, како обвивка во обвивка. Комбинацијата на вертикални и хоризонтални површини во венге ја отцртува гостинската соба и нејзиното купатило. На трeтиот кат централно е поставена 4,5 м висока туш кабина со цел да се максимизира искуството на водениот тек.



Обликувана е со ѕидови од темно обоено стаклосо што се зголемува чувството за интимност. Исто така, заради визуелно одвојување на плакарите воведено е платно за даде и баланс со другите „тврди“ материјали и да ја зголеми акустиката на собата.



Кружната спална соба со купола ги содржи кружните скали кои водат до горниот кат. Во неа е сместен и плакар со целосни монолитни огледала кои ја рефлектираат околината и како постепено да исчезнуваат. Подовите од венге се во контраст со ладната природа на огледалата, така што светлото кое се одбива од дрвената површина создава топла црвенкаста боја на ѕидовите.



Импресивен по својот кружен облик и големата површина, горниот кат, во кој се сместени дневната соба, кујната и трепезаријата, дава неверојатни погледи кон пистата на националниот аеродром оддалечен на само 250м. Кубусот на лифтот во себе содржи и тоалет, библиотека, куќичка за мачката и гардероба. Над скулптуралниот мебел на кујната поставен е челичен мост кој води на терасата. Терасата на најгорниот кат обезбедува целосен панорамски поглед и е опремена со подигнат дрвен под и туш кабина.


Добра мисла

Architecture is the art of how to waste space.

Philip Johnson


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 44 гости присутни