Во сабота на 04.јуни во Домот на АРМ, во рамките на овогодинешната Недела на архитектурата во Скопје, презентација ќе имаат архитектите од љубљанското студио Деклева Грегорич.
Меѓу нивните проекти е Екстра-Екстра-Малата куќа (XXS House) сметена во специфично опкружување во Краково, Љубљана. Соседството има структура на историско селце, заштитено со закон, кое во Средниот век служело за снабдување на блискиот манастир со свежа храна.
Основните димензии на куќата беа преддефинирани со закон во согласност со волуменот на постоечките традиционални куќи. Задачата беше да се интегрираат сите станбени функции во еден многу мал волумен за да се задоволат потребите на нова урбана викендичка на пар кој живее надвор од градот.
Бидејќи куќата е свртена кон север, беше предизвик и да се внесе и природно светло и индиректно сонце во просториите за дневен престој на приземјете. Законските одредби дозволуваат кровни натсветла, но овде архитектите ги свртиле кон небото. Оваа голема промена на волуменот доведе до отварање на поткровен прсотор кој може да се употребува. Огромен лизгачки прозор го отвара ентериерот кон интимен атриум и дозволува влез на светлина.
Изборот на фасадни материјали и детали го задоволи барањето куќата да наичкува на сервисен објект. Концептот на сурови материјали се протега од екстериерот во ентериерот - со користење на панели од лесен бетон за кровот и фасада кон дворот до натур бетон во груба форма, терацо, иверица, железо и филц за ентериерот. Вкупната површина на куќата е 43м2 поради што куќата го носи името XXS.
Архитектура - Ентериери и дизајн

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
If a building becomes architecture, then it is art.Arne Jacobsen