За добра работна атмосфера во едно архитектонско студио природното светло, широкиот простор и инспиративната околина се од суштинско значење. За среќа на Пројектил Архитекти секој од овие квалитети ги има дворот и во близината на стариот станбен блок во Смичов, Прага.
Кога младите архитекти бараа соодветно место за своето студио, наидоа на оваа стара, запуштена зграда која порано била затвор, па работилница за лакирање, склупторско студио и на крај браварска работилница.
После толку пренамени и лошо одржување на објектот, многу малку беше останало од оригиналната, историски значајна зграда. Поради тоа, донесена бешпе одлука да се сруши поголем дел од зградата и еднокатниот објект со „П“ форма беше преправен во двоспратна структура со едноставен правоголен облик.
Приземниот кат ги содржи собата за состаноци, работилницата за макети и тоалетот, додека големото отворено ателје е поставено на горниот спрат. Целиот простор е природно осветлен од хоризонтални ленти од прозори кои гледаат кон дворот, како и од линеарно кровно натсветло.
Студиото е сместено во задниот дел на дворот, кој е достапен од улицата преку пасаж низ старите станбени блокови. Поради тоа, објектот има само една отворена фсада, свртена кон дворот. Од оригиналниот објект беа сочувани три ѕидови од камен и тула, новата конструкција од масивно дрво беше вметнат во просторот помеѓу нив.
Помеѓу носечките конструктивни елементи поставени се панели од огноотпорен цемент. Како надворешна облога се искористени брановидни панели до полупроѕирна смола и фиберглас, како за ѕидовите, така и за едноводниот кров.
Лесните карактеристики на обвивката на објектот се во контраст со тешките камени ѕидови, но се во согласност со концептот на ентериерот, односно на концептот на видлива носива структура. Така ентериерот е ментално и физички испреплетен со надворешноста.
Чешкото студио Пројектил Архитекти ќе одржат предавање и на 01.06.2011, среда, првиот ден од Неделата на архитектура во Скопје.
Архитектура - Ентериери и дизајн

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture is involved with the world, but at the same time it has a certain autonomy. This autonomy cannot be explained in terms of traditional logic because the most interesting parts of the work are non-verbal. They operate within the terms of the work, like any art.Thom Mayne