Ентериер на ресторанот Твистер во Киев

Архитектура - Ентериери и дизајн



Украинско архитектонскиот тим го сочинуваат Сергеј Макно и Бутенко Василиј кои се креатори на проектот за ентериерот на ресторанот  “Twister” во Киев. Станува збор за ентериерот кој е инспириран од природните феномени како дожд и торнадо, т.е. е исполнет со колорит на земски тонови.

Twister-1

Ресторанот се состои од дела со бар, кој е наменет за гости кои сакаат да се напијат пијалок, или кои чекаат слободно место и од салата која има галерија во својата структура.

Twister-2

Целта на проектот бил креирање на  ентериер, кој со боите и облиците ќе делуваат опуштено, односно со модерен и комотен мебел, чиј претстој  во овој простор се вистинско задоволство.

Twister-3

Како што е речено дизајнот на салата е инспириран од природните феномени како торнадо и дождови. Во просторот се наоѓа галерија, со шест балкони на кој се за седење, типично за сепаре. Ѕидовите се обложени со дрвени должини а  светлечките тела имаат облик на капки, кои висат од галеријата и плафонот.

Twister-4

Еден дел од салата е за ручање, а над него се наоѓа галерија, која е исполнета со модерен мебел за млади со земни тонови, со оригинална обработка на ѕидовите и плафонот. Во комбинација со дискретното осветлување креиран е интересен простор кој има елегантност и оригиналност.

Twister-5

Twister-6

Добра мисла

Every time a student walks past a really urgent, expressive piece of architecture that belongs to his college, it can help reassure him that he does have that mind, does have that soul.

Louis Kahn


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 45 гости присутни