Неодамна отворените работни простории на компанијата “Red bull” во Кејп Таун, Јужна Африка докажаа јакнење на се поприсутната архитектура на современите работни простори, кои ја промовираат тимската работа, како и расположението за веселата работна атмосфера.
Како и многи глобални компании, кои ја усвоија работната филозофија, а беа потпомогнати од актите на разни држави за субвенционирање, работните простории стануваат еколошки оддржливи ентериери, кои ја промовираат размената меѓу вработените, позитивната атмосфера и новиот однос на работните станици и просториите за социјализација и дружење. Важно е да се напомене дека оваа појава не е само нов правец во дизајнот на ентериерот, туку е резултат на обемните истражувања за квалитетот на изминатото време низ текот на работните часови и продуктивноста на вработените.
Тоа што се разликува компанијата “Red bull” од останатите гигантски корпорации е всушност нејзиниот маркетинг, кој честопати по пат на организирање на разни настани ги спојува потенцијалните муштерии со производот. Просторот на управа на оваа компанија на подрачјето на Јужна Африка, делот од студиото “COA- Architecture & Design” се обидува да ги хармонизира работните простории, со цел кои се наменети за промоции на нови производи и организирање нови настани, кои ќе се случуваат скоро на седмо ниво.
Просторот располага со нота на ладен дизајн кој потекнува од разни хромирани површини, и ладно бело осветлување, кој до некаде може да се поврзе и со колоритот на самата лименка од овој енергетски пијалок. Сепак, просторот е лежерен и прилично отворен, каде поголемиот дел од преградените ѕидови е материјализирана од стакло.
Канцелариите се расфрлани по катовите, а меѓу нив е поставен низ на тематски простори, кои се наменети за секојдневно дружење, односно угостување на партнерот и спонзорот, како разни уметници, спортисти, дизајнери и музичари кои имаат задача за промовирање на овој бренд
Архитектура - Ентериери и дизајн

| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Any work of architecture that has with it some discussion, some polemic, I think is good. It shows that people are interested, people are involved.Richard Meier