Архитектура - Ентериери и дизајн
Доколку сметате дека вашиот дом е магнет за прашина,а периодичното чистење и не вродува баш и некој плод, или доколку ве вознемируваат често направените флеки еве неколку совети кои би можеле да ви помогнат за побезгрижен дом.Подови и ѕидови
1.Дрвените подови треба често да се третираат со восочни смеси за да не го изгубат нивниот сјај и исто така да се избегнува употреба на шилести предмети(псотаменти за звучници и нивен неадекватен транспорт,штикли, алат и сл.) лесно го уништуваат подот.Во слуачаите каде тоа е неизбежно, односно просторот мора да се прилагоди и на овие побарувања тогаш подобро е да се користи ламинат или винил.Овие подлоги исто така може лесно да се чистат и со мокри крпи.
2. Мудра инвестиција е исто така и водоотпорна ѕидна боја.Кога вашето дете ќе почне да го креира неговиот уметнички опус со бои по ѕидовите ќе сватите којај е смислата на оваа инвестиција.
3.Прашината по правило се собира по процепите и нерамните делови на камените подови а некогаш ни самото правосмукање не ќе е доволно.Ова е проблем со кој се среќавате кога чистите и теписи и за кој ќе ви е потребно повеќе време за да ги исчистите овие површини правилно.Одбегнувајте камени подови и теписи доколку немате време и стрпливост за правилно чистење на истите.
Прозори
4.Капаци и ролетни.Иако може да изгледаат убаво капаци со криви и робусти завршетоци може да бидат права напаст во чистењето.Одберете капаци и ролетни со поедноствна форма и помазни површини бидејќи истите ќе ги пребришете многу поедноставно.
5. Доклолу живеете покрај прометна улица текстилни материјали од типот на драпери од сомот,баршун,сатен се лоша идеа.Обидете се со венецијанери кои едноствано се одржуваат.Доклолку не ви делуваат „исполнето“ пробајте да ги обогатите со полесни ткаенини како што е органдината,ленот,свилата и сл.
6. Кога станува збор за прозори предлагаме да вашиот прв избор биде транспарентно стакло кое ќе ја одалечи прашината повеќе отколку стаклата во боја а воедно и ќе ви овозможи да уживате повеќе во природната светлина.
Кујна
7.За работна површина прв избор е секогаш гранитот.Гранитот не е порозен материјал и е отпорен на флекии големи температури.
8. За секојдневна употреба одбегнувајте употреба на порцелански сетови за јадење бидејќи многу лесно може брзо да ги оштетите при перење Во вакви пригоди користете најобични чинии од керамика.
9. Транспаренти пластични фолии поставени преку масата за ручање ќе ви овозможи поголем избор и слобода во декорирањето на масата за ручање без сомневање за флеките и можноста да тие стигнат до вашиот чаршав за ручање а и чистењето ќе ви биде многу едноставно.
Мебел
10. Избегнувајте мебел со рељефни структури.Прашината насобрана во ситните делови тешко се одстранува а лесно се приметува како таква.Тоа е зона која е секагаш тешка и непријатна за чистење.
11.Доколку живеете покрај езеро или река избегнувајте мебел составен од ковано железо бидејќи железото брзо ќе биде под влијание на влагата и ќе кородира од влажноста на воздухот.
12. Покрај мали деца кои се склони на повреди,поарно е да имате навлаки кое лесно се менуваат и тргаат од двоседите,троседите отколу оние што се фиксирани за истите.
Тоалет
13.Одвојте пари за за ѕидни казанчиња.Овие водни казанчиња се попрактични од подните.Доколку имате ѕидни лесно ќе ја исчистите површината околу wc-школката.
14. Посебно внимание обратети при поставување на плочки во купаталито.Доколку се лошо поставени може да додјете во ситуација заарди пропуштање на вода, да мора да го реновирате и поворно поплочите целото купатило.Истото важи и за поставуњето на хидроизолацијата како и за врзувањето на плочките со фугомал.
15.Во купатилата не бирајте дрвен оквир за прозорите, бидејќи многу брзо ќе подлегнат на влагата.Како замена бирајте алуминиумски или ПВЦ профили.
Архитект.мк
Игор Василевски
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture arouses sentiments in man. The architect's task therefore, is to make those sentiments more precise.Adolf Loos





