Архитектура - Ентериери и дизајн
Спалната доживеа трансформација. Просторно и функционално се зголеми, односно нуди додатен комодитет, кој претходно не беше во нејзиниот опис и обликување. Следните трендови на спалните сигурно ке станат омилени бидејќи содржат се-пространо гардеробирање, удобен кревет, стол со фотељи за партнерот или некој гостин, голем тв уред, библиотека или елементи за одложување на омилените предмети во врска со пространата бања.
Централен и најважен елемент на спалната соба е креветот. Покрај комотноста која е обавезен елемент естетскиот критериум ни малку не заостанува за оваа потреба. Модерните кревети се истакнуваат со својата нагласеност низ димензијата, начинот на обработката, материјалот и обликот. Што и да одберете од овие параметри како доминантно нема да згрешите, доколку сакате да бидете во тренд. Креветот и понатаму доминира и го привлекува вниманието за интересниот дизајн. Округлите кревети и понатаму се во мода, а посебно се практични за оние кои сакаат главата да ја ориентираат спрема северната страна, а заради организација на просторот од спалната соба тие не се во можност да го сторат тоа.
Големите ормари или пространата ограда не се само трендовски молби туку и потреба за секоја куќа. Самата димензија како и можноста за организирање на големи отворени гардероби, која станува составен дел на спалната соба е дел од карактерот кој е на просторот на располагање, а не само на трендовските желби. Доколку имате можност, осигурајте го просторот за овој важен дел на спалната, во кој гардеробата останува отворена во просторот. Доколку вашите просторни капацитети се недостапни за егзибиција од оваа врста, осигурајте голем ормар со врати на лизгање со обложени огледала, кожа и др. Ормарот веќе не служи само како простор за одлагање на робата, туку и нагласен украс на просторот.
Комодата е составен дел од спалната соба. Стилски е интегрирана со остатокот од мебелот, но дизајнерски многу истакната. Позицијата во просторот е ненаметлива, и не им смета на комуникациските текови. Се изработува во различни материјали, а трендовски особено се истакнува оние од стаклото, односно огледалото.
Полиците за книгите, т.е. помалите апликации стануваат составен дел на спалната соба. Тие можат да служат исклучиво како библиотека или да се има интегриран стол за одлагање на столниот компјутер или пишување. Овој елемент на мебел ја проширува функцијата на спалната соба , т.е. онаа за одмор и разонода. Покрај ваков елемент потребно е сместување на клубот, столот со масата или барем една фотеља која стилски може да отскокнува од целата спална соба.
Неодминлив елемент на опремата на спалната соба станува и тв уредот. Се наоѓа на згодна позиција за гледање од креветот, масата или фотељата. Нагласени се димензиите и се истакнува новата улога на спалната соба, наметната по најновите трендови.
Нагласените светла го комплетираат вкупниот впечаток на овој простор. Големите столни лампи се истакнати со можност да се регулира јачината на светлото, и се комплетира снажниот естетки впечаток кој дава можност за различни амбиенти, зависно од функцијата.
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Architecture doesn't come from theory. You don't think your way through a building.Arthur Erickson





