JM Architecture,Куќата Доломитес - Екстремен минимализам

Архитектура - Ентериери и дизајн


Тимот од  архитекти во Италија  JM Architecture, чиј предводник е Јакопо Машерони(ако се сеќавате беше проект менаџер во студиото на Ричард Маер на 35 милионскиот Jesolo Lido Village) доби за задача да го реновира станот во градот Комо во Италија близу планината Доломите(по што и објектот го добива своето име) и тоа под два услова: да го зачуваат оригиналниот облик на внатрешноста, да ја подобрат функционалноста, и да донесат модерен, минималистички дух во новиот стан. Во тоа не само што успеава, туку имаат постигнато ниво на минималистички израз во кој имате чувство како  малку  и да претерале - ентериерот изгледа постерилно од сала за оперирање, каде што не смееме да седнеме,  во страв нешто да не пореметиме во оваа совршеност.

Без разлика на забелешката објектот делува феноменално чиста јасна хотизонтала преовладува во целиот простор и белата боја како основна и носечка боја во ентериерот ги сплотува во една целина и обединува  елементите од ентериерот со ѕидовите создавајќи еден уникатен простор.Баланс има постигнато со дрвениот под кој на некој начин не дозволува доминатната  бела  одлебдби во просторот,туку ја приземјува и ја дефинира како таква. Посебен акцент ставаме на деталите кои мора да признаеме се обработени до совршенство.

























[JMA]
Архитект.мк
Игор Василевски

ПОДАРОК: Архитектон

Подаруваме списанија

Добра мисла

Each new situation requires a new architecture.

Jean Nouvel


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 45 гости присутни