Како да го осветлите вашиот дом со неколку едноставни постапки

Архитектура - Ентериери и дизајн

Внесувањето на светло а со тоа и созадвање на атмосфера во просторијата, без сомнеж е една од најважните постапки, ставки во декорирањето и дизајнирањето на современите ентериери. Еве неколку предлози кои ви препорачуваме и на кои би требало да обратите внимание како би ги одбегнале грешките при бирањето и поставување на осветлување во вашиот дом.

1 Колкаво количество светлина е потребно во една просторија

Постои конкретна формула за одредување на оптимално количество на светлина. Формулата во потполност се потпира на математичка пресметка, а еве што треба да се направи   да се измери за потребно количество енергија.
- Широчината(пример 3м) и должината(пример 4м) на просторијата  префлете ги во стопи (1 стопа = 30.4см.)
- Добивате широчина 3м = 10 стопи и должина 4м = 13 стопи (заокружени вредности)
- Овие две вредности ги множите со константата 1.5 и добивате потребно количество енергија(оптимална вредност за мерка во стопи изразена во вати )
Еве како изгледа тоа математички:
10  х 13 х 1.5 =195 вати
Заклучуваме дека за просторија со димензии од 4/3 метри или 12 метри квадратни потребни ви се 195 вати осветлување.

2 Бирање на светло во ходник

Доколку е ваш изборот за светло во ходник- една работа можете со сигурнсот да знаесте, а тоа е дека долната граница на светлото во ходникот мора да биде поставена на минимум 205см. висина. Пречникот на лустерот се опредула така што димензиите на ходникот повторно ги префлате во стопи а потоа добиената вредност се собира и се префрлува во инчи(1 инч = 30.4см).Таа вредност префлена во сантиметри е пречникот на  посакуваното светло.
Пример, ако имате ходник со должина 1.5м х 2м тоа значи дека имате 5 х6.5 стопи =11.5 стопи = 11.5 инчи. следува 11.5 инчи = 30 сантиметри. Значи вашето светло во ходникот со димензии од 1.5м х 2м би требало да има пречник од приближно 30 сантиметри.

3 Како да го распределите светлото во тесен ходник

Изворот на светло треба да биде поставен на секои 2.5 до 3 метри. Зависно од висината на просторијата овие светла можат да бидат плафоњерки, халогенки  или лустери.

4 Колкава треба да е големината на светлото поставено над нашите компјутери

Пречникот на светлото над нашиот компјутер или пак трпезариска маса треба да биде една половина од пречникот на масата на која што работиме или масата(работно биро) на која се исхрануваме(трпезариска маса). Исто така изворот на светло треба да е минимум 85 сантиметри одвоено во висината на масата.Јачина од 100 вати светлина би требало да е сосема доволна и да ги задоволи основните критериуми.

 

5 Како најдобро да ги осветлиме бањите и тоалетите.

Повеќе од бањите имаат напојно место и позиција предвидена за осветлување над огледалата во бањите. Проблемот кај овие централни расветни тела е што се наоѓаат над мијалникот и создаваат сенки на лицето. Доколку сакате да ја видите приближно реалната рефлексија на вашето лице потребни се минимум две светла поставеи над мијалникот, едно лево а другото десно и едно централно над вас како би се избегнале сенките од двете страни.












Архитект.мк
Игор Василевски


Добра мисла

Architecture has recorded the great ideas of the human race. Not only every religious symbol, but every human thought has its page in that vast book.

Victor Hugo


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 46 гости присутни