Архитектура - Ентериери и дизајн
Концертно-конгресната сала на претседателскиот дворец се наоѓа во внатрешноста на ѕидините од Кремљ, и претставува објект од национално значење за Руската федерација. Објектот е изграден во 1961 година за време на Никита Хрушчов, и се третира како еден од големите градителски проекти создадени во советската ера.Со тек на годините беше препознаван како репер на московското историско јадро, а по својата големина и важност се третира како главна концертна сала во цела држава.
После повеќе од педесетина години, руските челници објавија конкурс со желба и потреба да го променат изгледот на овој објект, кој заради своите пренамени одамна веќе го има изгубено својот некогашен функционализам. Архитектите од студиото ОТАШ понудија интересно решение применувајќи најнови технолошки достигнувања заедно со тимот стручњаци за акустика и визуелни ефетки од Велика Британија, САД и Германија.
Основната замисла на овој тим беше да се зачува геометријата на салата, а со употреба на познатите ЛЕД светла, во ѕидните панели да се добие чувство на голем екран, така да целиот ентериер учествува во сценската интерпретација. Ваквата технологија на реконструкција на салата во Кремљ создава мултифункионалност што беше всушност и главна цел поставена пред проектантите.
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Does it follow that the house has nothing in common with art and is architecture not to be included in the arts? Only a very small part of architecture belongs to art: the tomb and the monument. Everything else that fulfils a function is to be excluded from the domain of art.Adolf Loos





