Винарија Лопез де Хереида - Спој на вино и архитектура

Архитектура - Ентериери и дизајн

Заха Хадид го проектираше павиљонот за дегустација на вино, во склоп на веќе познатата Лопез де Хереида, винарија во Шпанија. Првобитно  проектиран како изложбен штанд, на саемот за прехранбени производи во Барцелона уште во 2002 година, а потоа е поставен во винаријата во Хароу, под надстрешницата од затемнето стакло и големите челични конзоли на гредите.

Во центарот на павиљонот, потполно заштитен, се наоѓа совршено изрезбаниот излозбен штанд од махагонија и храст, наменет за светската изложба во Брисел, од далечната 1910. Овој реставриран штанд укажува на вредноста и ја зголемува заинтересираноста за методите на производтсво на квалитетни и врвни вина, кои веќе генеарции се немаат променето.


Просторот на интериерот на самиот влез се отвора со налевање со својот специфичен профил на шишето и го отстранува комплексот на објектите во позадината. Дизајнот на Заха Хадид не е едноставен, но алудира на богато искуство од винаријата, и полнењето виното Риоја.


Вешто го вклопува карактерот на современата архитектура, во една од најстарите и најтрадиционалните винарии во подрачјето.




Таа е основана во далечната 1877, и веќе четврта генерација, ја негува и одржува фамилијарната традиција на производство на вино




Новиот павиљон претставува повеќе од модерно маркетиншко презентирање. Правнуката на втемелувачот на винаријата Марија Хосе Лопез де Хередиа, го пронашла заборавен и напуштен во еден винарски склад. Бил превисок за да се смести во постоечките објекти, и така станал централен мотив и идеја за проектот на Заха Хадид.


Архитектите од нејзиниот тим постепено го развија дизајнот на деформација на правоаголниот простор по секции, движејќи се од крајот кон почетокот. Архитектот Џим Хеверин го нарекол искривена форма на сликата, која иако не беше финална намера, еднаш беше забележана и не можеше да се игнорира.

Проектот беше амбициозно обмислен од самиот почеток. Во него цврсто се доживува поигрувањето со времето, и мерките на вредности на поединечни периоди. Павиљонот за привремена поставка на саемот од Барцелона е преселен во Харо и треба да се постави нов музеј за посетители, кој ќе ја преобрази сликата од традиционално во современо. Тоа беше интригантна комбинација во која инвеститорот сакаше да ги разгледа сите опции. Но, главната нитка беше спротивставување на новото со старото.

Павиљонот стана куќа на стариот дом,  а новиот музеј ќе ги соедини и ќе им даде нов контекст во оквир на традиционалниот.

Многу е интригантно што инвеститорот се сложил за вакво решение , бидејќи ја негува традицијата на производство на вино, која со генерации се нема сменето. Ова беше камен подвигател, мост меѓу минатото, сегашноста и иднината. Павиљонот стана ново шише за старото вино.


Архитект.мк
Игор Василевски

Добра мисла

I believe very strongly, and have fought since many years ago - at least over 30 years ago - to get architecture not just within schools, but architecture talked about under history, geography, science, technology, art.

Richard Rogers


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 47 гости присутни