Архитектура - Ентериери и дизајн
Проектот за продавницата Centauro што се наоѓа во шопинг центарот Jardim во Сао Паоло, Бразил, прикажува цврсти елементи што се карактеристични за самиот бренд . Идејата започна со дизајн што претставува едноставност на постоење, а не разидување.
Употребата на црвена и бела боја е карактеристика за марката и симболизира атлетска тркачка патека, која постои во сите продавници, и е значаен елемент за овој проект. Значаен концепт кој го предводи просторот е креацијата на континуирани области кои може да бидат деформирани и преобразени во структурални елементи на продавницата или пак, некои значајни продукти, кои ги прекршуваат регуларностите на просторот.
За сјајноста на ѕидовите е употребен композитен алуминиум со материјал од 1.25м аранжиран дијагонално, вертикално и хоризонтално за да не формира паралелни полигони. Овие полигони ги поддржуваат продуктите и им дозволуваат индиректно осветлување, создавајќи големо количество на светлина креирано од големи светлосни боксови. Инклинацијата на панелите исто така, дава подобар изглед на предметите позади застаклените површини.
Црвената патека е уште еден додатен елемент во проектот. Третирана е како простор кој ја проширува продавницата и станува импресивен елемент. Во срцето на просторот има мезанин со јачина која го идентификува просторот. Централно ги заштитува ѕидовите и позадината на продавницата.
Импресивно ентериерно решение со комбинација на само две бои кои не делуваат стерилно, туку напротив го отвораат просторот и внесуваат свежина во истиот.
| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
It seems a fantastic paradox, but it is nevertheless a most important truth, that no architecture can be truly noble which is not imperfect.John Ruskin





