Ong & Ong - 55 Blair Road, Сингапур

Архитектура - Ентериери и дизајн



На обновената фасада што е направена во стилот на традиционалниот арт деко, се наоѓа интересен архитектонски концепт создаден од студиото на Ong & Ong. Овој концепт како контраст на традиционалниот израз, видно се разликува во толкувањето на формата и стилот, интерпретирајќи еден современ концепт и стил на живеење во кој главна идеја на овие проектанти била односот на внатре/надвор.

Карактеристично за овој објект е неговата широчина, кој во форма на ламела диктира одредени принципи и законитости кои несомнено не може да се заобиколат. Приземниот кат е место каде се одвиваат дневните активности а целата површина од вториот кат на главната секција е третирана како главна спална соба со  работен простор и библиотека. Бањата е сместена на самиот крај. За одржување на висинскиот простор на вториот кат,проектиран е мезанин, простор кој ќе биде третиран како гостинска соба. Централни спирални скалила го поврзуваат призменото ниво со катот создавајќи циркулација и просторна пауза во спалните соби.

На бочните страни на оваа локација поставени се емајлирани и осветлени ѕидни површини, кои  ве изнесуваат во дворниот простор, третиран како место кое ги обединува главната и споредната секција, создавајќи простор за релаксација.

























[ Ong & Ong ]
Архитект.мк
Игор Василевски

Добра мисла

Even though I build buildings and I pursue my architecture, I pursue it as an artist. I deliberately keep a tiny studio. I don't want to be an architectural firm. I want to remain an artist.

Maya Lin


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 45 гости присутни