iPhone + Ducati = Е-велосипед „Копенхаген“

Архитектура - Ентериери и дизајн

За време на КОП15 - Конфериенцијата за климатски промени, што се одржа минатиот месец во Копенхаген, беше промовиран и велосипедот „Копенхаген“ - прототип, за кој се смета дека ќе претставува модел за идните велосипеди.

Имено инженери и дизајнери на фирмите iPhone и Ducati создадоа тим, кој  имаше за задача да конструира хибриден е-велосипед. Овој велосипед покрај основната функција што ја има секој велосипед, содржи логистика, интелегенција  при навигацијата употребувајќи ги ГПС системите ( извештај за атмосферски промени и температура, влажност на воздухот, пристапност на патишта ) содржи помагала кои вклучуваат додатно автоматско забрзување на велосипедот при нагорници за полесно совладување на истите, како и сензори за успорување при појавување на определени препреки.

Интересен е податокот дека комплетната собрана дата може да ја споделите на интернет анонимно доколку сакате, како и да ја користите датата на податоци од веќе други корисници, со што се предвидува дека во брзо време ќе се дознаат и евидентираат најздравите и еколошки најнезагадените велосипедски маршути, што несомнено ќе го зголеми уживањето на сите корисници на овој велосипед.












Архитект.мк
Игор Василевски


Добра мисла

Architecture is the art of how to waste space.

Philip Johnson


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 47 гости присутни