Острово во вашата кујна

Архитектура - Ентериери и дизајн


Доколку вашиот дневен престој  е споен со кујната или трпезаријта и сакате  визуелно да го зголемите просторот, кујнскиот остров или кујнскиот пулт е одлично решение. Кујнските шанкови веќе подолго време се надминати и предвидливи елементи. Често не служат за ништо, а прават визуелна и физичка бариера. Ако се двоумите меѓу кујнски шанк или остров, еве неколку аргументи кои одат во прилог на кујнскиот остров.



Кујнскиот остров е многу практичен елемент, на кој можете да пријдете од сите страни за разлика од  кујнскиот шанк, кој од едната  или од  двете старни е вграден во ѕид. Островот е слободен и самостоен во просторот, така да величината може да варира произволно  во слободниот простор кој го имате.


Исто така кујнскиот остров  има поглед кон дневната соба, или трпезаријата со која е поврзана. Визуелно ја зголемува површината на кујната, бидејќи не постои ѕиден елемент, кој прави физичка граница меѓу тие два простора.


За разлика од кујнскиот шанк , ви нуди можност како таков елемент кој повеќе служи за да се прилагоди кон вашите потреби во кујната. Има различни идеи и многу се практични. Тој не мора да биде фиксиран, а може да биде и подвижен, на тркала, да го придвижите каде вам ви одговара и на тој начин да ви го олесни вашиот  престој во кујната.


Може да биде расклопен со вградени кујнски елементи ( шпорет, фрижидер, садопер) или може да ви служи како елемент за складирање на намирници и садови со отворени или вградени полици внатре во елементот. Кон сето ова може да имате плоча која ви служи за појадок или наликува повеќе на столот отколку на кујнскиот елемент.


Бидејќи не сте ограничени во просторот, ѕидот кој во овој случај не постои, островото може да има различни облици: праволиниски, кружни, полукружни или неправилен облик. Островот може апсолутно да се прилагоди кон вашиот простор и да постигне интеракција со остатокот од просторијата.










Архитект.мк
Игор Василевски

Добра мисла

All the revision in the world will not save a bad first draft: for the architecture of the thing comes, or fails to come, in the first conception, and revision only affects the detail and ornament, alas!

T. E. Lawrence


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 44 гости присутни