Архитектура - Ентериери и дизајн
Флексибилниот мебел постои долго а столот на склопување е еден од првите изуми. Во денешно време тешко е да очекувате иновација во оваа вековна популарна категорија, но Dror Benshetrit, предводник на студиото Дрор ја збогати со свежа новина. Пик столот (The Pick Chair), креиран е за италијанската компанија Синтеси и претставува повеќе од објект. Иако совршено ја истакнува функционалноста, овој дизајн е префинет и се претвора во уметност.Имено овој стол, има можност на преобликување од тродимензионален облик во дводимензионален и како таков станува рамна плоча , се става на површината на ѕидот. Рамот е направен од алуминиумски профил, споен со метални зглобни врски, а обложен е и со тенки дрвени рамни плочи. Дрвената плоча се резба или се отсликува, и на тој начин естетски го потполнува ентериерот на секој дом, каде што не се искористени ѕидните површини.
Дизајнерот сваќа дека уметноста е субјективност на поединецот, т.е. остава можност за корисникот сам графички да ја осмисли површината. Достапна е и со облоги од плексиглас, наместо дрво, кое овозможува комбинирање со различни материјали кои се применети во интериерот.
Пик столот претставува одличен начин да се изрази индивидуалниот карактер на корисникот. Одлична е кога имате проблем со мал простор на стан или куќа, а често ви се потребни додатни места за седење. Едноставно се расклопуваат и набрзо имате стол за гости. На ист начин со едноставна метаморфоза се враќаат на ѕидот и го потполнуваат амбиентот.

.Кога гледаме ваков дел од мебелот, одма го замислуваме во сопствениот стан. Цената на овој производ $1,630 сепак ни порачува ваков дизајн е наменет само за потесниот круг на луѓе. Столот Пик е брилијантна идеја која го чува просторот на поетичен начин, па сепак оние кои можат да си дозволат, штедење на просторот во главно не им е потребно.

Се поставува прашањето дали некогаш современиот индустриски дизајн навистина ќе стане масовно производство ?

| < Пред | Следно > |
|---|
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
I was planning to go into architecture. But when I arrived, architecture was filled up. Acting was right next to it, so I signed up for acting instead.Gilbert K. Chesterton






